Направи сам проект: Пар од Скопје ѝ даде нов лик на „фотелјата од баба“ (фото)

„Целиот концепт ни беше замислен за фотелја од дрво која ќе трае низ години и ќе биде удобна, но низ салоните беа прилично скапи - барем оние ние што ни се допаѓаа, па се одлучивме за реставрирање на стара, ретро фотелја“, раскажува Александра Пренџова (30) од Скопје и открива колку ги чинел овој „направи сам“ проект.

napravi-sam-proekt-par-od-skopje-i-dade-nov-lik-na-foteljata-od-baba-foto-01.jpg

Александра Пренџова (30), по професија диетолог, со сопругот и синчето живее во стан од 67 м2 во Скопје.

Таа постојано прави измени во ентериерот на домот и неретко со сопругот имаат мали „направи сам“ проекти.

Последниот во низата ќе биде одлична инспирација за сите, затоа што во последно време тренд е да се реставрираат фотелјите од домовите на нашите баби и дедовци и тоа токму овој модел, кој го реставрирале Александра и нејзиниот сопруг.

napravi-sam-proekt-par-od-skopje-i-dade-nov-lik-na-foteljata-od-baba-foto-05.jpg

Таа на својот Инстаграм профил откри како изгледала целата процедура и колку ги чинел овој „направи сам“ проект:

„Веројатно последната сликичка од дома за оваа година пред да си украсиме за Нова Година.

Бидејќи објавувам ретро по делови низ цела година од нашето цело реновирање на ова домче, мислев дека е убаво да се спомне и за фотелјата.

napravi-sam-proekt-par-od-skopje-i-dade-nov-lik-na-foteljata-od-baba-foto-06.jpg

Целиот концепт ни беше замислен за фотелја од дрво која ќе трае низ години и ќе биде удобна, но низ салоните беа прилично скапи - барем оние ние што ни се допаѓаа, па се одлучивме за реставрирање на стара, ретро фотелја. Има работилници што и денес изработуваат идентични вакви, но тоа е од иверка, и мислам дека дрвото што го имаат овие старите си нема цена и време на траење едноставно.

Внимавајте при изборот- Првата што ја земавме беше цела црвјосана, па тој обид беше неуспешен, потоа најдовме соодветна и го започнавме процесот.

napravi-sam-proekt-par-od-skopje-i-dade-nov-lik-na-foteljata-od-baba-foto-02.jpg

Мојот сопруг Илија ја иструга, ја излакира и ја претапацираше, па го добивме тоа што е денес.

napravi-sam-proekt-par-od-skopje-i-dade-nov-lik-na-foteljata-od-baba-foto-03.jpg

Добра зачувана фотелја може да се најде за околу 2.000 денари, материјалот беше околу 3.000 денари, и не знам колку би чинела работна рака за сето тоа, но верувам дека на крајот сметката излегува помала.

На нас ни испадна фотелјата точно по мерак, односно ‘како сакаше жена ми’.“

napravi-sam-proekt-par-od-skopje-i-dade-nov-lik-na-foteljata-od-baba-foto-07.jpg

napravi-sam-proekt-par-od-skopje-i-dade-nov-lik-na-foteljata-od-baba-foto-09.jpg

Погледнете како комплетно изгледа домот на Александра - Во домот на Александра: Стан во Скопје во кој сите соби се со различен стил (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рајско дворче во Скопје со палми, црквичка и петунии во разни бои (фото) Лесно е да побегнете од летните горештини ако имате куќа и дворче со многу зелен...
Живеам во стан од 50m2 во Скопје – одлуки што ги направив во уредувањето за кои не се каам (фото) Проточен бојлер во бањата за голем бојлер да не ми го зафаќа целиот простор, шан...
Лалињата како најубав пролетен украс (и во домовите низ Македонија) Во сезоната на лалиња (која не трае многу долго), овие нежни цвеќиња се најубави...
Со архитектот Лука Радовиќ за уредувањето на јога студио во Скопје: „Груб простор претворивме во мес... „Проектот за внатрешно уредување на просторот наменет за јога студио делува лесе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg