Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


8 трикови со кои на застарениот ентериер во домот ќе му дадете модерен изглед

Отворените полици можат да изгледаат одлично, сè додека не се натрупани со сè и сешто.

8-trikovi-so-koi-na-zastareniot-enterier-vo-domot-kje-mu-dadete-moderen-izgled-01.jpg

Не мора да дадете цело богатство за вашиот дом да изгледа луксузно или барем за нијанса помодерно од застарениот стил во кој е уреден одамна.

Доволно е само да земете предвид некои работи додека го уредувате домот или додека правите некоја промена.

Во продолжение неколку едноставни совети што ќе ви помогнат во ова:

Средете ги полиците

Отворените полици можат да изгледаат одлично, сè додека не се натрупани со сè и сешто.

За просторот да изгледа поубаво, дозволете им на полиците „да дишат“, така што ќе ги отстраните сите непотребни предмети.

Наредете ги полиците со книги или неколку украси кои ќе одговараат со ентериерот и помеѓу кои ќе има повеќе простор.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-02.jpg

Обрнете внимание на перниците и покривачите на гарнитурата

Перниците и навлаките на гарнитурата во дневната можат или да го освежат просторот или да ја нарушат неговата хармонија.

За да го постигнете првото, немојте да трупате многу перници по креветите. Истовремено, немојте да ставате многу големи модели и избегнувајте сите парчиња да се шарени.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-03.jpg

Распоредете го мебелот

Нема потреба целиот мебел да биде залепен за ѕидот. Всушност, вака нема ни да изгледа добро. Разиграјте ги парчињата мебел доколку имате опција.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-04.jpg

Обрнете внимание на сликите на ѕидот

Уметничките дела и вашите фотографии се одличен начин да го украсите просторот, но внимавајте какви рамки ќе употребите.

Потрудете се рамките да имаат иста боја или барем да бидат изработени во ист стил. Истовремено, осигурете се дека рамките ќе одговараат со другиот мебел во собата.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-05.jpg

Скријте ги каблите

Средете ги и добро скријте ги сите кабли во просторијата и самите веднаш ќе ја забележите драстичната разлика.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-06.jpg

Земете ја предвид големината на просторијата кога купувате гарнитура

Можеби некоја голема гарнитура изгледа навистина добро во продавница, но ако вашата дневна е мала, не би требало да ја купите.

Секогаш имајте предвид за колкав простор ви е потребна гарнитурата и размислете дали ќе можете да ја вклопите и како ќе изгледа кога во собата ќе го наредите и другиот мебел.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-07.jpg

Одберете минималистички завеси

Немојте да ги украсувате прозорците со шарени завеси или што било „кич“. Целиот простор ќе изгледа многу подобро со минималистички завеси со една-две бои.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-08.jpg

Светлината е многу важна

Ако во просторијата нема доволно природна светлина, осигурете се дека ќе ставите повеќе светилки.

Покрај светлото на таванот, можете да купите столна или подна ламба, да додадете помали сијалички…

8-trikovi-so-koi-na-zastareniot-enterier-vo-domot-kje-mu-dadete-moderen-izgled08.jpg

Внимавајте на дезените

Ако во собата има многу различни дезени, просторот ќе изгледа натрупано и задушно. Најдобро е да оставите само еден детаљ со некаков дезен или да одберете еднобојни парчиња мебел и декорации.

ednostavni-soveti-za-ureduvanje-so-koi-domot-kje-izgleda-luksuzno-i-moderno-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 трикови со кои ќе ја претворите долгата и тесна просторија во удобно катче Вистински предизвик е да уредите соба која повеќе наликува на ходник, отколку на...
Едноставни трикови со кои визуелно ќе го зголемите просторот во домот Искористете ја висината на собата – ставете високи полици, украсете со висечки р...
10 детали во ентериерот што ќе направат вашиот дом да изгледа луксузно Офарбајте ги бравите со мат боја во сребрена или бронзена нијанса, ставете винти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg