Фенг шуи: Кои растенија привлекуваат љубов, среќа и здравје?

Белите орхидеи се симбол на плодноста и креативноста, а жолтата е одлична за здравјето. Лаванда се препорачува за зајакнување на семејните односи, а бонсаито носи богатство. Кои растенија ви се потребни во домот за среќен живот, според фенг шуи?

Feng-shui-koi-rastenija-privlekuvaat-ljubov-srekja-i-pari-01.jpg

Растенијата во домот можат да влијаат на вашата енергија. Фенг шуи, кинеското учење ве води низ поврзаноста на растенијата со елементите дрво, оган, земја, метал и вода.

Кои растенија привлекуваат среќа, љубов, пари и позитивна енергија?

Негување на љубовни и семејни врски

Филодендрон – има меки лисја во облик на срце кои брзо растат. Според експертите за фенг шуи, ова растение е одлично за негување на љубовните врски.

Божур – едно од најубавите и најпопуларните цвеќиња за привлекување романса.

Јасмин – се разликува по својата богата арома, a често се поврзува со љубовта, убавината и сензуалноста.

Орхидеи – белите орхидеи се симбол на плодноста и креативноста, а жолтата е одлична за здравјето.

Рузмарин, како и лаванда се препорачуваат за зајакнување на семејните односи.

Feng-shui-koi-rastenija-privlekuvaat-ljubov-srekja-i-pari-02.jpg

За здравје, богатство и благостојба

Африкански темјанушки - познати по нивната достапност насекаде, се смета дека симболизираат пари и богатство.

Бонсаи – симбол на среќа и богатство, лесно за одржување и убаво на изглед. 

Сите видови на билки кои се користат секојдневно носат просперитет и благосостојба, за долговечност пак, фенг шуи филозофијата препорачува бамбус од Туфа и зимзелени растенија.

За личен раст и професионален развој

Монстера – ова растение се крева во височина, го проширува својот опсег, претставувајќи проширување на добри можности, развој.

Бамбус – носи успех во работата.

Босилекот ја нагласува индивидуалноста и среќата во личните потфати. Засаден во северниот дел од градината ќе ја зајакне вашата кариера.

Feng-shui-koi-rastenija-privlekuvaat-ljubov-srekja-i-pari-03.jpg

Дополнителни совети за уредување на вашата градина или тераса:

  • Доколку просторот ви дозволува, создадете мала фонтана или базен. Звукот на проточна вода има многу смирувачки ефект, а во градината се создава животна средина, што привлекува позитивна енергија.

  • Аранжирајте го вашиот двор или саксиите со камења кои симболизираат стабилност на животот и домот. Кога се во помал број, даваат сила и решителност.

  • Насадете еукалиптус и нане - Според оваа древна уметност, овие билки влијаат на мирот на умот, ново знаење и почиста мисла.
     
  • Користете предмети во златна, сребрена и бела боја кои се сметаат за заштитен знак, чистина, мудрост. 

Грижата за растенијата е иста како со луѓето. Колку повеќе се зближите со нив, толку повеќе позитивна енергија ќе привлечете.

Редовно отстранувајте ги сувите лисја, сувите гранки и полевајте ги со чиста вода.

Работете секојдневно на вашата заслужена среќа и забавувајте се! 

M. У. Т. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg