Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


8 ситници со кои ќе внесете есенска магија во домот (без да потрошите многу пари)

Мирисливи свеќи со арома на цимет, декоративни тикви, кујнски крпи со есенски мотиви – постојат многу начини да внесете есенска магија во домот, без да трошите многу пари.

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-01.jpg

Ретко кој сака да троши пари за да го украси домот за есен како што украсуваме за Божиќ и Нова година. Но, некои ситници можат да направат голема разлика и да го направат вашиот дом многу потопол и поудобен.

Како да внесете есенска магија во вашиот дом, без да трошите многу пари?

Етерично масло или мирисливи свеќи со арома на цимет

Мирисот на цимет секогаш нè потсетува на есен, па купете етерично масло или мирислива свеќа со арома на цимет.

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-02.jpg

Ѕидни украси со макраме техника

Доколку се вклопуваат во вашиот ентериер, овие украси ќе му дадат посебна есенска топлина на домот.

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-03.jpg

Жолто светло

Жолтото светло делува потопло од белото и може да ја направи просторијата многу попријатна.

Покрај тоа, жолтото светло има смирувачки ефект и е одлично за вечерните часови пред да си легнете.

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-04.jpg

Перници и меко ќебе

Додајте перници со есенски мотиви, купете меко ќебе и ќе ја претворите дневната во најудобното катче.

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-05.jpg

Кујнски крпи со есенски мотиви

Повеќето не обрнуваат внимание на кујнските крпи, но овој мал детаљ може да направи голема разлика во изгледот на кујната.

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-06.jpg

Декоративни тикви

Тиквата е симбол на есента, а можете да ја користите и како декорација.

Покрај тоа, тиквите имаат долг рок на траење и можат да ви го красат домот најмалку еден месец.

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-07.jpg

Цвеќе во бањата

Бањата ќе изгледа многу поудобно ако ставите некоја саксија со цвеќе.

Можете да ставите и букет во вазна, кој ќе изгледа добро дури и откако ќе се исуши (зависно типов на цвеќе).

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-08.jpg

Дрвени даски и послужавници

Уште еден мал детаљ што може да направи голема разлика во кујната.

Ако имате дрвени даски за сечење, немојте да ги криете, туку изложете ги како декорација. 

8-sitnici-so-koi-kje-vnesete-esenska-magija-vo-domot-bez-da-potroshite-mnogu-pari-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кај Анета дома: „Големата гарнитурата ми е погодок, а малиот број на фиоки во кујната ми е промашува... „Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржл...
10 работи во домот кои ќе им бодат очи на гостите кои сакаат ред Облека која се суши на радијатор, предмети кои не ги користите и се расфрлани на...
7 ситници во домот што гостите сигурно ќе ги забележат (и ќе раскажат на сите за нив) Сте се запрашале ли што е она што на гостите што доаѓаат во вашиот дом веднаш им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg