Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вкусна домашна пилешка паштета по рецепт на Гордон Ремзи

Домашната пилешка паштета е традиционално француско јадење кое се послужува на багет со свеж копар или магдонос. Одлична е за опуштени забави со друштво или семејни закуски.

vkusna-domashna-pileshka-pashteta-po-recept-na-gordon-remzi-01.jpg

Паштетата од пилешки дроб е и еден од омилените намази на светскиот готвач Гордон Ремзи, кој го сподели својот рецепт со јавноста, а ги откри и трите најважни трикови за совршена домашна пилешка паштета.

Според Ремзи, најважно е да добиете мека текстура и свиленкаст намаз. Тоа ќе го постигнете со следниве три правила.

1. Потопете ги џигерите во млеко еден до два часа пред да ги исцедите и исечкате. Ова ќе го намали интензивниот вкус на пилешкиот дроб.

2. За да добиете мазна паштета, наместо намаз со зрнеста текстура, не го преварувајте црниот дроб. Гответе ги џигерите додека не поруменат, па извадете ги од водата.

3. Ако не да ја јадете паштетата веднаш, завиткајте ја во најлонска фолија и ставете ја во фрижидер.

Потребни состојки:

  • 250g пилешки џигери
  • 1 чаша (200ml) полномасно млеко
  • 100g несолен путер
  • 1 мал кромид (мелен)
  • 1 чешне лук (мелено)
  • 4 лажички (20ml) коњак
  • 2 ловорови листа
  • ½ лажичка сечкани свежи листови од мајчина душица
  • Сол и црн пипер по вкус

Начин на подготовка:

  • Исчистете ги пилешките џигери од жилите и маснотијата, па исечкајте ги на половинки и ставете ги во сад;
  • Прелијте ги со млеко и оставете ги да отстојат 1-2 часа;
  • Растопете малку путер во голема тава на средна топлина, па додадете го мелениот кромид;
  • Гответе околу 2-3 минути да омекне;
  • Додајте го и лукот па гответе уште само 1 минута;
  • Во тавата додадете ги и исечканите џигери и мешајте додека месото да порумени;
  • Зголемете ја температурата, па во тавата додадете ги коњакот и ловоровите листови;
  • Гответе ги џигерите со често мешање додека не испари поголемиот дел од течноста и се згусне сосот;
  • Извадете ги ловоровите листови од тавата и оставете ги на страна;
  • Содржината на тавата ставете ја во процесор за храна или блендер;
  • Во смесата додадете ги и мајчината душица, солта и биберот и преостанатиот путер, па блендирајте додека сè не се изедначи;
  • Ставете ја пилешката паштета во фрижидер да се излади околу 1 час или додека не се стегне;
  • Послужете ја со парчиња багет, украсена со магдонос или свеж копар. 

vkusna-domashna-pileshka-pashteta-po-recept-na-gordon-remzi-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Домашна пита со грав и потпечени кори, по прилепски рецепт Во прилепскиот крај еден од најпознатите специјалитети е питата со грав, а рецеп...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg