Велигденско благо: Направете чоколадни зајчиња и јајца, полнети со путер од кикиритки

Бели и чоколадни јајца и зајчиња, полнети со путер од кикиритки, кои се подготвуваат едноставно, а ќе ви ја украсат трпезата - идеален десерт за велигденските празници. 

veligdensko-blago-napravete-chokoladni-zajchinja-i-jajca-polneti-so-puter-od-kikiritki-01.jpg

Доколку сте од оние кои сакаат трпезата да ја украсат тематски, во случајов велигденски, тогаш овие чоколадни зајчиња и јајца ќе ви завршат голема работа. 

Иако изгледа како долга, постапката е всушност многу едноставна и доволно ќе ви биде само еднаш да ја прочитате за да знаете што треба да правите напамет. 

Потребни состојки:

  • 115g солен путер, стопен и изладен
  • 480g путер од кикиритки
  • 50g шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 450g шеќер во прав
  • 500g бел или млечен чоколаден чипс или чоколадо

Начин на подготовка:

  • Измиксирајте ги стопениот путер, путерот од кикиритки, шеќерот и ванилата, додека да добиете мазна и кремаста смеса.
  • Додадете го шеќерот во прав и мешајте додека не се соедини.

    veligdensko-blago-napravete-chokoladni-zajchinja-i-jajca-polneti-so-puter-od-kikiritki02.jpg

  • Истурете ја мешавината во плех врз хартија за печење и со прсти истискајте ја смесата за рамномерно да ја распоредите, со дебелина од околу 1cm.
  • Ставете ја смесата во фрижидер околу 15 минути да се излади, а откако ќе ја извадите поставете ја на даска за сечење или друга тврда површина.
  • Со калапи во форма на зајак и јајце, направете форми од смесата и наредете ги во плех и вратете ги во фрижидер.

    veligdensko-blago-napravete-chokoladni-zajchinja-i-jajca-polneti-so-puter-od-kikiritki-03.jpg

  • Доколку ви остане од смесата, можете да ја повторите постапката со израмнување и повторно сечење со калапи.
  • По 25 минути ладење, почнете да го подготвувате чоколадниот фил, така што ќе го стопите чоколадото (ако правите посебно бело и млечно за да имате кафеави и бели форми, ставете ги во посебен сад) во микробранова или на пареа.
  • Вадете по 2 форми од фрижидерот (не сите одеднаш, бидејќи брзо омекнуваат) и увалкувајте ги убаво во стопеното чоколадо од сите страни, оставајќи вишокот да се исцеди, па редете ги на хартија за печење. 

    veligdensko-blago-napravete-chokoladni-zajchinja-i-jajca-polneti-so-puter-od-kikiritki-04.jpg

  • Оставете формите да се стврднат во фрижидер, а потоа ако сакате можете да ги декорирате по желба со стопено чоколадо или со други додатоци.

veligdensko-blago-napravete-chokoladni-zajchinja-i-jajca-polneti-so-puter-od-kikiritki-05.jpg

М. М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...

Најчитани неделава