Направете вкусни чоколадни брауни колачиња со капини - прсти ќе излижете
Кога ќе се спојат вкусно црно чоколадо и капини, ќе добиете идеален десерт – чоколаден брауни колач со освежителен вкус.

Чоколадните колачи им се омилени на многумина. Особено кога се комбинирани со овошје.
Овојпат избравме едноставен рецепт за чоколадни брауни колачиња со капини.

Подготовката на чоколадните брауни колачиња е лесна.
Ќе ви требаат околу 20 минути за подготовка и дополнителни 20 до 25 минути за печење.

Потребни состојки:
- 100g путер
- 150g темно чоколадо искршено на коцки
- 3 јајца
- 100g шеќер
- 65g брашно
- 3 лажици какао
- ½ лажичка прашок за печиво
- Прстофат сол
- 120g капини (свежи или смрзнати)

Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. На дното на тава со димензии 20х20cm ставете хартија за печење, а ѕидовите премачкајте ги со путер и брашно за да не се залепи колачот.
- Путерот стопете го на среден оган и пред да почне да врие, додајте го чоколадото што сте го искршиле на коцки.
- Мешајте без престан додека да се стопи чоколадото и да добиете мазна смеса, па тргнете го садот на страна за смесата да почне да се лади.
- Во посебен сад ставете ги јајцата и шеќерот и матете околу 1 минута.
- Во изматените јајца додадете ја чоколадната смеса која треба да биде млака - ни многу топла ни целосно изладена.
- Додајте ги сувите состојки – брашното, какаото, прашокот за печиво и малку сол.
- Смесата спојте ја мешајќи со лажица, а не со миксер. Кога ќе добиете мазна смеса, додадете ги скоро сите капини.
- Откако ќе ја ставите смесата во тавата за печење, одозгора ставете ги останатите капини (доволно ќе ви бидат 12-15 капини) за декорација.
- Печете го колачот 20 до 25 минути, или додека да добие крцкава кора, а внатрешноста да остане мека.
- Кога ќе се испече, оставете го да се излади, па послужете го.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо
Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Рецепт за здрави чоколадни браунис – се прават во блендер, вкусот е неодолив
Сите состојки се здрави, се мешаат одеднаш во блендер и се става на печење - лес...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите
Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за божиќни распукани колачиња од чоколадо – за празничната сезона
Овие распукани чоколадни колачиња се прават лесно, а во празничната сезона убаво...