Забавен начин како да подготвите јајца на око за „најпребирливите“ дечиња (видео)

Сите знаеме дека јајцата се мошне важен извор на протеини, па затоа лекарите препорачуваат тие да бидат редовно вклучени во исхраната на дечињата. Ова е еден забавен начин како да подготвите јајце на око за најпребирливите мали гурмани.

zabaven-nachin-kako-da-podgotvite-jajca-na-oko-za-najprebirlivite-dechinja-video-01.jpg

Кога станува збор за исхраната на децата, многу е важно нивната храна да биде и вкусна, но и примамлива на изглед, а оваа мајка нашла идеален начин како да му подготви јајца на своето мало дете.

Натали Борисенко редовно споделува видеа и фотографии од нејзиниот живот како мајка, а начинот на подготовка на јајца на око за синот привлече внимание на социјалните мрежи.

zabaven-nachin-kako-da-podgotvite-jajca-na-oko-za-najprebirlivite-dechinja-video-02.jpg

Сигурно малите дечиња ќе уживаат во тоа да ги јадат овие мини јајца на око, подготвени со многу љубов и трпение.

За да ги подготвите овие јајца ќе ви требаат два стерилни шприцеви и нелепливо тавче.

Потребни состојки: 1 јајце

Начин на подготовка:

  • Јајцето се крши во подлабок сад;
  • Во едниот шприц се зема малку белка, а во другиот малку жолчка од јајцето;
  • На загреано нелепливо тавче се истиснува малку од белката на јајцето, а на средината му „се црта“ жолчка од шприцот во кој има жолчка;
  • Јајцата се пржат од двете страни и може да му се сервираат на детето.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...

Најчитани неделава