Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем
Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да ја подготвите.
Доколку сте голем љубител на палачинки, тогаш сигурно овој рецепт веднаш ќе ви се допадне. Погледнете како се подготвува тортата со палачинки што е хит на социјалните мрежи.
Потребни состојки:
За палачинки:
- 450g сенаменско брашно;
- 3 големи лажици шеќер;
- 1 ¼ мала лажичка сол;
- 800ml слатка павлака;
- 8 големи јајца (изматени);
- 2 големи лажици екстракт со ванила;
- 4 големи лажици несолен путер (стопен на собна температура);
- Масло за јадење (за пржење на палачинките).
За филот со Нутела:
- 450g путер;
- 400g шеќер во прав;
- 1 лажица екстракт од ванила;
- 1 лажица ликер од лешник (по желба);
- 1 тегла Нутела (350g);
- 230ml слатка павлака (на собна температура);
- Шеќер во прав (за наросување);
- Течна чоколада за декорација;
- 80g темна чоколада (изрендана за декорација или чоколадни трошки).
Начин на подготовка:
- Почнете со подготовка на палачинките: Во длабок сад се ставаат брашно, шеќер и сол и се мешаат со лажица;
- Се додаваат јајца и слатка павлака и состојките се матат со миксер додека да се добие еднаква смеса, која е без грутки и наликува на чорба (ако останат грутки, процедете ја смесата со цедалка);
- Се додава стопениот путер на собна температура и се мати со миксер додека не се добие еднаква смеса;
- Готовата смеса се прекрива со пластична фолија и се остава да стои во фрижидер од период од 1 до 24 часа;
- На рингла се загрева тавата за пржење палачинки и благо се премачкува со масло за јадење;
- Со црпалка се зема малку од тестото и се става на крајот од тавата, и се пржат палачинки;
- Од едната страна палачинката се пржи околу 45 секунди, односно додека краевите не се одвојат од тавчето, па потоа со нож се превртуваат и се печат од другата страна (од смесата треба да се добијат околу 36 палачинки);
- Готовите палачинки се покриваат со фолија и се оставаат во ладилник околу 35 до 40 минути, односно додека се подготвува филот;
- За подготовка на филот: Во длабок сад се става путерот и се мати со миксер на средна брзина, додека не се добие мека смеса, потоа се додава и шеќерот во прав и се мати со миксер додека двете состојки во целост не се соединат;
- Потоа се додава екстрактот од ванила и ликерот од лешник и се меша додека состојките не се спојат, па се додава Нутела крем и се мати со миксер додека не се добие еднаков крем;
- На крај се додава слатката павлака и се мати додека не се добие малку посветол фил, кој е пенест и лесен за размачкување, односно околу 3 минути;
- Се зема првата палачинка и се става на дното на рамна чинија, па врз неа се премачкува еден слој од кремот (околу 2 големи лажици) и притоа внимавајте филот да не го нанесувате до рабовите туку оставете простор од околу 1cm;
- Постапката се повторува со сите останати палачинки, а притоа треба да имате предвид дека со редењето на секој слој, филот од претходните палачинки ќе почне да се истиснува;
- Тортата се прекрива со пластична фолија и се остава во ладилник да отстои околу 45 минути;
- Пред сервирање може да се декорира со шеќер во прав, течна чоколада и чоколадни трошки.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Палачинки со сирење и шунка - одлична идеја за викенд појадок
Палачинките се секогаш одличен избор за појадок, вечера, ужина или десерт. Но, д...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Сочни шницли во сос од сенф и павлака
Ручек подготвен во една тава за целото семејство - прсти да излижете! Ако с...

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
-->