Брза пита со спанаќ и сирење, мека како душа - ќе ја направат и неискусните во кујна

Овој рецепт можат да го направат и вистински почетници во кујна, затоа што е потребно само да се промешаат состојките и питата да се испече. Само не заборавајте добро да го измиете спанаќот пред да го ставите во питата.

brza-pita-so-spanakj-i-sirenje-gotova-za-30-minuti-meka-kako-dusha-video-01.jpg

Србинката Јелена Коцмановиќ редовно споделува рецепти на нејзиниот Инстаграм профил, а неодамна сподели рецепт за брза пита со спанаќ и сирење што можат да ја направат и оние што не се многу вешти во кујна.

Пазарите се преполни со пролетен зеленчук, а ова е рецепт за вкусна пита што можете да ја послужите за појадок или вечера, а ако ви остане, слободно можете да си спакувате и едно парче за работа.

Ќе бидете изненадени колку брзо (и лесно) се подготвува.

Потребни состојки:

  • 3 јајца;
  • 250g сирење;
  • 100g спанаќ (претходно измиен и исчистен);
  • 2 страка млад кромид (ситно исечкан);
  • 4 големи лажици брашно;
  • 3 лажици масло;
  • 1 кесичка прашок за печиво;
  • ½ лажичка сол (или по вкус).

Подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Во длабок сад се ставаат јајцата и малку се матат со виљушка или маталка;
  • Се додава сирењето и се меша со јајцата;
  • На јајцата и сирењето им се додава масло, спанаќ, млад кромид, брашно, прашок  за печиво и сол и сите состојки се мешаат додека не се добие изедначена смеса;
  • Тестото се става во плех обложен со хартија за печење и се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 25 минути, или додека не добие златно кафена боја.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава