Освежителен пролетен десерт: Домашен пудинг од лимон, готов за 15 минути

Лимоните, со својата живописна жолта боја и арома, внесуваат уникатен и освежувачки пресврт на традиционалните рецепти за десерти. 

recept-za-osvezhuvachki-leten-desert-so-vkus-na-limon-01.jpg

Киселоста на лимонот ја балансира слаткоста на засладените задоволства и додава примамлив вкус, а ќе ви се допадне и тоа што овој рецепт се подготвува многу брзо.

Без разлика дали организирате седенка во дворот, уживате во пикник во паркот или едноставно сакате да се почестите со освежителни слатки дома, десертите на база на лимон гарантирано ќе бидат хит ова лето.

Така и на профилот на Инстаграм @nurhkasim објавен е рецепт за вкусен десерт со лимон кој се припрема многу брзо, а сигурно ќе ви се допадне и вам.

Потребни состојки:

  • 200g слатка павлака;
  • 75g шеќер (можете да го намалите на 50g ако не сакате да ви биде многу благо);
  • 25-30ml сок од лимон;
  • 1/2 лажица рендана кора од лимон;
  • 1 лажичка екстракт од ванила.

Начина на подготовка:

  • Во тенџере се ставаат слатката павлака, шеќерот и кората од лимон; 
  • Состојките се варат 3-4 минути. Не треба да се чека пудингот да зоврие, туку само да почне врие. Бојата на смесата треба малку да потемни и да стане погуста;
  • Пудингот се трга од огнот, се додава сок од лимон и екстракт од ванила и се меша; 
  • Готовата смеса се процедува низ цедалка, за да се отстранат остатоците од кората од лимон и се остава да се излади минута или две; 
  • Пудингот се сервира во неколку издлабени лимони и пред да се послужи треба да стои во ладилник од 1-2 часа.

Видео упатство:

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава