Викенд ручек: Солена торта од шпагети со карбонара сос
Наместо класични карбонара шпагети можете да ги изненадите најблиските и да направите солена торта. Состојките за подготовка на овој рецепт најверојатно веќе ги имате дома.

Викендот е време за одмор, па наместо да потрошите цел ден во кујна, можете да приготвите брз ручек што ќе им се допадне на сите, а остатокот од времето да го поминете во прошетки или дружење со најблиските.
Оваа солена торта е идеална за ручек или вечера, а се подготвува брзо и од состојки што многу е веројатно дека веќе ги имате дома.
Потребни состојки:
- 300g шпагети;
- Маслиново масло;
- 100g кашкавал (пармезан, чедар);
- 3 поголеми јајца;
- 250ml слатка павлака;
- 250g потпржена шунка;
- Црн бибер;
- 3 гранчиња свеж рузмарин.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Шпагетите се варат во солена вода според упатството од опаковката, потоа се процедуваат и се оставаат да се оладат;
- Се зема калап за торта и се премачкува со маслиново масло, па потоа врз дното се ренда тенок слој кашкавал;
- Шпагетите се ставаат во голем сад и во нив се додаваат претходно разматени јајца, слатка павлака, црн бибер по вкус, се додава исечкана потпржена шунка и на крај се ренда остатокот од кашкавалот;
- Сите состојки се мешаат убаво, па потоа се префрлаат во калап за торта и се печат околу 35 минути на температура од 180 степени Целзиусови (или додека тортата да добие златно кафеава боја);
- Тортата се остава да се олади околу 3 минути, а потоа со вади од калапот и се декорира со гранчиња свеж рузмарин.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море
Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
„Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...