По рецептот на баба: Домашни еклери, полнети со фил од ванила и прелиени со чоколаден прелив

Дали сте љубители на домашни еклери, онакви какви што често се приготвуваа и во минатото? Тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допадне, а ќе бидете изненадени од тоа колку се лесни за подготвување.

po-receptot-na-baba-domashni-ekleri-polneti-so-fil-od-vanila-i-prekrieni-so-chokoladen-preliv-01.jpg

Со овој рецепт ќе приготвите околу 10 големи еклери со слаткарска величина, а иако навидум делуваат мошне комплицирано, доколку внимателно ги следите упатствата, немате премногу простор за грешки.

Како да подготвите вкусни домашни еклери:

Потребни состојки:

За тесто:

  • 250ml вода;
  • 120g путер (или масло за јадење);
  • 120g брашно;
  • Прашок за печиво;
  • 4 големи јајца (собна температура).

Фил:

  • 700ml млеко (студено);
  • 1 пакетче инстант пудинг од ванила;
  • 250ml шлаг пена;
  • 25g шеќер во прав;
  • 1 лажица екстракт од ванила.

Прелив:

  • 40g чоколада за готвење;
  • 2 големи лажици путер;
  • 125g шеќер во прав;
  • 2-3 лажици топла вода.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 250 степени Целзиусови;
  • Во помало тенџере се става водата и путерот и се загреваат на рингла додека да зовријат;
  • Тенџерето се трга од оган, му се додава брашното и се меша со дрвена лажица додека да се добие убаво замесено тесто;
  • Се додава и прашокот за печиво и се меша, а потоа тестото се остава да се олади;
  • Едно по едно, се додаваат јајцата на оладеното тесто и се меша со дрвена лажица додека не се добие изедначена смеса;
  • Во плех обложен со хартија, со шприц за тулумби или со лажица се обликуваат еклери и се ставаат да се печат во рерна;
  • Првите 10-тина минути еклерите се печат на температура од 250 степени Целзиуосви, а потоа се намалува рерната на температура од 150 степени и се печат уште 20-тина минути или додека не добијат златно кафена боја;
  • Пудингот од ванила се вари според упатствата на опаковката, а во друг сад според упатството се меша и шлаг пена;
  • Откако пудингот ќе се олади, се додава шлаг пената, шеќерот во прав и екстрактот од ванила и се мешаат додека не се добие изедначен фил, со кој се полнат еклерите. Може да ги пресечете на половина и да ги филувате или да направите дупчиња на дното и да ги полните со шприц;
  • Во микробранова печка или на пареа, се топат чоколадото и путерот, а потоа се додаваат шеќерот во прав и се додаваат 2-3 лажици врела вода за да се добие изедначена смеса;
  • Секој еклер се премачкува со прелив од чоколадо, а потоа се става да се олади во фрижидер.

po-receptot-na-baba-domashni-ekleri-polneti-so-fil-od-vanila-i-prekrieni-so-chokoladen-preliv-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава