Брз и едноставен рецепт за чизкејк со кокос и бело чоколадо
Кокосот игра главна улога во овој десерт во кој ќе се вљубите вие и вашите сакани. Најдоброто е што не ви треба некој талент за да го направите.

Комбинирајќи го богатството на белото чоколадо со егзотичниот вкус на кокос, овој десерт сигурно ќе ве пренесе во рајот на слаткото уживање.
Многу е брз и едноставен, па е одличен и за оние кои немаат многу време за во кујна или не се многу талентирани за правење десерти.
Потребни состојки:
За подлога:
- 150g бисквити
- 75g путер
За фил:
- 380g крем сирење
- 75g грчки јогурт
- 75g кокосово брашно
- 200g бело чоколадо
За декорација:
- 150g кокос
- 80g бело чоколадо (рендано)
Начин на подготовка:
- Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со путерот.
- Со добиената смеса направете ја подлогата во калап за торта.
- Растопете го белото чоколадо и измешајте го со другите сосотојки за филот.
- Ставете го филот врз подлогата од путер и бисквити и ставете ја тортата во фрижидер да се стврдне.
- На крај декорирајте со кокос и рендано бело чоколадо.

M. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...