Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео)
Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема брзо, изгледа одлично, а децата ќе ве тераат постојано да им го подготвувате.

Понекогаш храната што ја јадеме често може да добие поинаков вкус ако ја подготвиме или сервираме поинаку од вообичаеното. Па така, јајцата на око со виршли ќе им станат омилени на вашите деца само ако го смените начинот на кој ги приготвувате.
Овојпат ви нудиме едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се подготвува брзо, изгледа одлично, а децата ќе ве тераат постојано да им го правите.

Потребни состојки:
- 3 виршли
- 5 јајца
- Малку млад лук или кромид
- 1 домат
- Малку рендан кашкавал
- Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:
- Виршлите прво исечете ги на половина, по должина. Половинките засечете ги од едниот до другиот крај (како во видеото), но внимавајте да не ги исечете до крај.
- Спојте ги двата краја на виршлата со чепкалка за заби за да добиете форма на цвет.
- Ставете го цветовите од виршла во тава за пржење.
- Во меѓувреме искршете ги јајцата, па белките ставете ги во длабок сад, а во цветовите од виршла ставете по една жолчка.
- Покријте ги со капак. Кога ќе се потпечат од едната страна, свртете ги на другата.
- Кога ќе бидат готови, извадете ги во посебен сад.
- Изматете ги белките за да добиете пенеста смеса.
- Ставете ги да се пржат во тавата во која претходно ги пржевте цветовите.
- Кога ќе биде готова едната страна, превртете ја на другата срана, како палачинка.
- Врз белката наросете малку сечкани перки од млад лук или кромид, па врз нив ставете неколку домати исечкани на тркалца.
- Посолете и додајте бибер по вкус. На крајот ставете и малку рендан кашкавал и преклопете ги белките на половина.
- Извадете ги во чинија за сервирање, па ставете 3 цвета од виршлите со јајца. Послужете ги топли.
Видео упатство:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...