Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути

Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги пржите во тава или во фритеза, можете да ги направите во рерна.

vikend-meze-krckavi-pileshki-prsti-od-rerna-gotovi-za-30-tina-minuti-01.jpg

Ќе ви бидат потребни 30-тина минути за да ги подготвите овие вкусни пилешки прсти и да уживате со вкусно мезе за викенд седенките.

Можете да ги сервирате со мајонез, сос со сенф или со вашиот омилен сос.

Потребни состојки:

  • 100g лебни трошки;
  • Маслиново масло;
  • ½ мала лажичка сол;
  • ½ мала лажичка црн бибер;
  • ½ мала лажичка лук во прав;
  • ½ мала лажичка црвен пипер;
  • 2 големи јајца;
  • 2 големи лажици млеко;
  • 500g пилешки стек (исечкан на коцкички).

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Додека се загрева рерната, лебните трошки се распоредуваат во плех обложен со хартија за печење и се прскаат со малку маслиново масло;
  • Лебните трошки се печат во рерна околу 2 минути, а потоа се вадат и со тресење на плехот се мешаат;
  • Лебните трошки се печат уште 2 минути или додека да станат златно кафеави и потоа се префрлаат во подлабок сад;
  • Во лебните трошки се додаваат зачините и сите состојки се мешаат;
  • Во друг сад се ставаат јајца и две лажици млеко и состојките се мешаат додека не се добие изедначена смеса;
  • Се зема плех обложен со хартија за печење и се прска со малку маслиново масло;
  • Секое парче пилешко месо се потопува во мешавината од јајца и млеко, а потоа со штипка се валка во мешавината од зачини и лебни трошки па се редат на плехот за печење, при што треба да има околу 1,5cm простор меѓу прстите;
  • Прстите се прскаат со маслиново масло и се ставаат да се печат во рерна од 15 до 20 минути.

vikend-meze-krckavi-pileshki-prsti-od-rerna-gotovi-za-30-tina-minuti-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...

Најчитани неделава