Брзи и вкусни чоколадни браунис без шеќер, готови за 15 минути (видео)

Чоколадните браунис колачиња со банана имаат малку калории, па можете да ги јадете секој ден без грижа на совест.

brzi-i-vkusni-chokoladni-braunis-bez-shekjer-gotovi-za-15-minuti-video.jpg

Чоколадните браунис без шеќер и брашно се одличен летен десерт. Се подготвуваат со само 4 состојки за 15 минути. 

Најважно е што немаат многу калории, па можете да ги подготвувате и јадете секој ден без грижа на совест.

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 40g какао
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  • Со виљушка испасирајте ги бананите.
  • Во нив додајте ги двете јајца и спојте ја смесата со рачна маталка.
  • Додадете ги и какаото и прашокот за печиво, па матете додека да добиете хомогена смеса.
  • Ставете ја смесата во сад за печење со димензии 16х16cm.
  • Одозгора наросете малку рендано чоколадо.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени 12 минути.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава