Брз летен десерт: Кремаст Киндер мус од само 2 состојки, кој ќе го обожавате

Ако ги сакате Киндер чоколадата, тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на домашниот Киндер мус.

vkusen-kremast-kinder-mus-od-samo-2-sostojki-video-01.jpg

Овој совршен кремаст десерт се подготвува од само 2 состојки. Постапката е едноставна и брза и трае 15-тина минути.

Потребни состојки (за 4 лица):

  • 270ml слатка павлака
  • 200g Киндер чоколадо

vkusen-kremast-kinder-mus-od-samo-2-sostojki-video-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Киндер чоколадото искршете го на парчиња, па стопете го во микробранова печка. Тргнете го на страна за малку да се олади.
  • Во друг сад ставете ја слатката павлака и матете со електрична маталка додека да добиете кремаста смеса.
  • Во изматената павлака додадете го стопеното чоколади и спојте ги двете состојки во убава хомогена смеса.
  • Распределете го мусот во стаклени чаши. Послужете го веднаш или по желба, ставете го во замрзнувач, па послужете го како сладолед.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава