Како да подготвите јемиста, полнети домати, по традиционален грчки рецепт (чекор по чекор упатство)?
Како да направите вкусни полнети домати со мелено месо и ориз? Идеално летно јадење за целото семејство, подготвено по традиционален грчки рецепт.

Полнетите пиперки и домати се едно од омилените летни јадења на Балканот во текот на летото, а новинарката Анета Констандинес за Insider го сподели традиционалниот грчки рецепт, по кој нејзиниот татко со години наназад подготвува јемиста – полнети домати со мелено месо и ориз.
Зборот „јемиста“ на грчки значи полнето, а со него се означува оброкот што најчесто се состои од полнети пиперки и домати.
Како се подготвува?
Потребни состојки:
- 8 поголеми домати;
- 450g јунешко мелено месо;
- ½ кромид (ситно исечкан);
- 150g ориз;
- 50g магдонос (ситно исечкан);
- 1 чешне лук;
- 2 мала лажичка сол;
- ½ лажичка црн бибер;
- Малку маслиново масло.
Начин на подготовка:
- Доматите се мијат и со остар нож се засекува делот со рачката, но не се фрла затоа што ќе ви треба подоцна;

- Со лажица се вади внатрешноста на доматите и се става во процесор за храна или блендер и се прави сос;

- Од издлабените домати се цеди вишокот течност и се ставаат во плех за печење и се посолуваат со малку сол;

- Во тава се става малку маслиново масло и се загрева на средна температура на рингла;

- Во тавата се пржи кромидот, додека да омекне и потоа се додава мелено месо, сол, црн бибер и малку сечкан магдонос. Сите состојки се мешаат и се пржат додека месото да добие кафеава боја;

- Кога месото ќе се испржи, му се додава измиен ориз и сосот од домати и се остава да крчка на рингла околу 5 минути, или додека оризот да ја впие течноста во тавчето;

- Со лажица доматите се полнат со смесата, но не се преполнуваат затоа што оризот ќе порасне со печењето;

- Доматите се затвораат со врвовите, во тавчето се додава околу 1 чаша вода (250ml) и малку маслиново масло;

- Доматите се ставаат да се печат на температура од 180 степени Целзиусови, а потребно им е околу 1 час и 15-тина минути да се испечат.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...