Шпагети со спанаќ и фета сирење по италијански рецепт - прсти да излижете

Италија е позната по вкусната храна - што значи овој брз рецепт за тестенини и спанаќ нема да ги изневери вашите очекувања.

shpageti-so-spanakj-i-feta-sirenje-po-italijanski-recept-prsti-da-izlizhete-01.jpg

Дали некогаш сте го пробале овој италијански рецепт за шпагети со спанаќ, фета сирење и ореви? Ако обожавате тестенини со песто, тогаш дефинитивно мора да го подготвите овој рецепт – вкусот ќе ве воодушеви.

Кога не е сезона на спанаќ, можете да го замените со блитва или босилек.

Како да го подготвите?

Потребни состојки (за 3-4 лица):

  • 100g фета сирење
  • 4-5 ореви
  • 2 шолји спанаќ
  • 1 цело чешне печен лук
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка буковец (по вкус)
  • 5 лажици маслиново масло
  • 150g шпагети
  • 1 чаша вода во којашто се вареле тестенините

За декорација:

  • 1 парче леб
  • 4-5 ореви

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги спанаќот, фета сирењето, оревите, печениот лук и маслиновото масло заедно со зачините во блендер за да се изедначи смесата.
  • Во меѓувреме сварете ги тестенините според упатството на ќесичката.
  • Во тава ставете ги сварените шпагети и прелијте ги со сосот од спанаќ.
  • Додајте и 1 чаша од водата во која се вареле тестенини и добро промешајте. Не грижете се ако сосот во овој момент изгледа малку редок, оставете да отстои 5 минути и ќе се згусне.
  • За украсување, направете домашна крцкава презла од леб и ореви. Изматете ги во блендерот, па ставете ги на жежок оган во нелеплива тава. Мешајте ги додека презлата не стане крцкава и кафена.
  • Кога ќе остине, прелијте ги шпагетите и послужете ги.
  • Доколку сакате, наместо да подготвувате презла од ореви, стамо украсете го ручекот со парчиња ореви.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава