Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови
Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се печат, вкусни се, а можат да ги подготват и почетници во кујната.

Ова е идеален летен рецепт за сите оние што го сакаат вкусот на банани и ванила, а за само 40-тина минути можете да подготвите вкусен летен рецепт кој е најдобар кога се сервира изладен.
Потребни состојки:
За кора:
- 300g бисквити (мелени);
- 50g шеќер во прав;
- 100g несолен путер (стопен);
За фил:
- 220g крем сирење;
- 50g шеќер во прав;
- 120g шлаг пена (изматена во цврст снег);
- 2 банани исечени на парчиња;
За фил со пудинг:
- 1 ќесичка пудинг од ванила;
- 500ml млеко;
- 120г шлаг пена (изматена во цврст снег);
- 2 банани (испасирани)
Начин на подготовка:
- Состојките за кората се ставаат во длабок сад и се мешаат додека не се добие изедначена смеса, па потоа се става во плех и се притиска со чаша додека не се добие кора;
- Додека ги подготвувате филовите, кората за чизкејкот се става во ладилник;
- Во длабок сад со миксер се матат крем сирењето и шеќерот во прав додека не се добие изедначена смеса, а потоа се додава и шлаг пената;
- Пудингот се подготвува според упатството на амбалажата, а откако ќе се олади во длабок сад му се додава шлаг пена и испасирани банани;
- Се зема кората за тортата од ладилник и врз неа се става еден ред исечкани банани на крукчиња, па се става филот со крем сирење, па повторно 1 ред исечкани банани и на крај се става филот од пудинг.
- Готовиот чизкејк се остава во ладилник најмалку два часа, или преку ноќ.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...