Брзи лиснати кроасани со зденка и виршла

Супер брз рецепт за кроасани со готово лиснато тесто, зденка и виршли... Се топат во устата.

brzi-lisnati-kroasani-so-zdenka-i-virshla-01.jpg

Ако еднаш ќе ги направите, овие домашни кроасани ќе ги подготвувате постојано. Комбинацијата од зденка и виршла, дополнета со пикантен сос од мајонез и лук е вистинско совршенство. 

Потребни состојки:

  • 500g смрзнато лиснато тесто
  • 12 мини виршли
  • 12 зденки
  • 1 јајце

За сосот:

  • 15ml сок од лимон
  • 3 чешниња лук (ситно исечкан)
  • 60g мајонез
  • 20g сенф
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка буковец (благ)

Начин на подготовка:

  • Лиснатото тесто извадете го од фрижидер и оставете го неколку минути на собна температура.
  • Малку расукајте го, па врз него ставете капак од тенџере и обележете круг. Исечете го тестото по линиите, па поделете го на 12 триаголници.
  • Врз секој триаголник ставете по 1 зденка и со виљушка распоредете ја врз тестото.
  • Одозгора ставете ја виршлата и завиткајте го секој триаголник во вид на кифла.
  • Премачкајте го секоја кроасан со јајце и печете околу 25 минути на 180 степени.
  • Во меѓувреме подгответе го сосот. Сите состојки ставете ги во длабок сад и убаво измешајте ги.
  • Лиснатите кроасани со виршли послужете ги топли.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Во кујна со Стефан Спирковски - Рецепт за здрави и брзи јапонски палачинки Рецептите кои ги подготвува Стефан се со малку калории, лесни за подготовка и зд...
Лиснати банана залчиња со чоколадо - рецепт кој им успева на сите Дома сигурно имате банани скоро во секое време. Па ако купите едно пакување лисн...

Најчитани неделава