Ќе барате уште едно парче: Брза торта со бисквити и афион
Од оваа смеса може да се прават и бомбици и бајадери, а оваа брза торта ќе ве освои уште на првиот залак, особено ако сте љубители на семе од афион.

Доколку сакате да пробате малку поинаков десерт, а лесен за подготовка, тогаш овој рецепт е само за вас.
На Инстаграм профилот coolinarstvo, на српската блогерка Катарина Ивановиќ е објавен рецепт за брза торта од бисквити и афион со прелив од бело чоколадо, што сигурно ќе ви се допадне.
Во подготовката речиси и да не можете да згрешите ако ги следите внимателно упатствата:
Потребни состојки:
За колач:
- 200g семе од афион;
- 80g шеќер;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- Малку екстракт од ванила;
- 4 лажици гриз;
- 300g бисквити (мелени);
- 150g путер;
- 600ml млеко.
За прелив:
- 150g бела чоколада;
- 50ml слатка павлака.
Начин на подготовка:
- Семето од афион, шеќерот, ванилиниот шеќер, екстрактот од ванила, гризот и млекото се ставаат во тенџере и се варат на тивок оган додека смесата малку да се згусне;
- Во врелата смеса се додава малку омекнат путер и се чека да се стопи, па потоа се додаваат бисквититите и сите состојки се мешаат. Ако смесата е премногу густа, можете да додадете уште малку млеко;
- Готовата смеса се става во калап за торта, се порамнува и се остава во ладилник;
- Додека се лади тортата, на пареа се топи мешавина од бела чоколада и слатка павлака, а потоа со оваа смеса прелејте ја тортата;
- Готовата торта се остава во ладилник да се стегне на неколку часа или преку ноќ.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...