Го пробав рецептот за крцкава брокула со пармезан што е хит на ТикТок – Зошто ова ми стана омилен додаток?

„Без разлика колку крцкава ќе ја подготвите, оваа брокула може да биде одлична како додаток за ручекот, но потрудете се да подготвите повеќе одеднаш затоа што брзо ќе ја снема“ – вели Калеа Мартин, новинарката која го приготвила популарниот рецепт на ТикТок.

go-probav-receptot-za-krckava-brokula-so-parmezan-shto-e-hit-na-tiktok-zoshto-ova-mi-stana-omilen-dodatok-01.jpg

ТикТок е местото каде што во последните неколку години може да се најдат голем број трикови за шминка, домаќинство, но и рецепти кои преку ноќ стануваат популарни.

Така, последен во низата популарни рецепти е и оној за потпечена, крцкава брокула со пармезан.

Новинарката Калеа Мaртин одлучила да го испроба овој рецепт, а своите впечатоци да ги сподели со читателите на PopSugar:

„Постапката започнува со претходна подготовка на брокулата додека да омекне, а потоа ја гмечите со дно од чаша.

Откако ќе ја попрскате со маслиново масло и рендан пармезан, ја враќате во рерната, додека да се стопи сирењето. На овој начин брокулата станува крцкава, што ме изненади затоа што овој зеленчук вообичаено е мек“ – пишува таа.

go-probav-receptot-za-krckava-brokula-so-parmezan-shto-e-hit-na-tiktok-zoshto-ova-mi-stana-omilen-dodatok-02.jpg

Според неа, тоа што брокулата е смачкана придонесува да стане покрцкава и повкусна, па наместо внатрешноста да се „вари“ во рерната, се пече подеднакво.

„Без разлика колку крцкава ќе ја подготвите, оваа брокула може да биде одлична како додаток за ручекот или како грицки, особено ако барате нов начин за да го подготвите овој зеленчук.

Само бидете сигурни дека ќе подготвите поголема количина затоа што брзо ќе ја снема“ – вели таа.

go-probav-receptot-za-krckava-brokula-so-parmezan-shto-e-hit-na-tiktok-zoshto-ova-mi-stana-omilen-dodatok-03.jpg

Како се подготвува популарната крцкава брокула со пармезан?

Потребни состојки:

  • 1 брокула;
  • Малку маслиново масло;
  • 4 чешниња лук, изренадни;
  • 1 лажица зачини по вкус;
  • 2-4 лажици рендан пармезан.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
  • Брокулата се мие и се сечка на гранчиња;
  • На плех обложен со хартија за печење се распоредуваат гранчињата брокула и се ставаат во рерна да се печат околу 15 до 20 минути, или додека да омекнат;
  • Додека се пече брокулата во мал сад се меша маслиново масло со изрендан лук и зачини по вкус;
  • Брокулата се вади од рерна и со дно од чиста чаша се смачкуваат гранчињата, па се премачкуваат со мешавината од маслиново масло, лук и зачини и се наросуваат со рендан пармезан;
  • Брокулата се враќа во рерна уште 10-тина минути, или додека да се стопи пармезанот.

Видео упатство:

@wellnesswithalexa

Will be smashing every vegetable now … saw @Kristi do this and had to try!! #smashedbroccoli #smashedbroccolirecipe #crispybroccoli #broccolirecipes

♬ im good - kpopvrycs⁷

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава