Рецепти со стар леб: 3 неодоливи оброци за сите гурмани

Оние што обожаваат да го потопат парчето леб во сосот што останува од салатата со домати ќе ја обожаваат италијанската салата Панцаната чијашто основна состојка е лебот.

recepti-so-star-leb-3-obroci-za-koi-kje-se-chudite-kako-porano-ne-vi-teknalo-da-gi-prigotvite-01.jpg

Во нашата култура и традиција многумина веруваат дека стариот леб не треба да се фрла, а остатоците може да се искористат за да се направат вкусни специјалитети, за кои многумина ќе се запрашаат како порано не се сетиле за тоа.

Ако ви остануваат цели векни леб, можете да ги искористите за да направите нови специјалитети. Кај нас стариот леб често се користи за подготовка на пржени лепчиња или за тостови, а има и други специјалитети што би можеле да ги подготвите.

Во продолжение 3 предлог рецепти што веруваме дека ќе ви се допаднат:

Панцаната (Тосканска салата со леб)

Потребни состојки:

  • 1kg домати (исечени на мали парченца);
  • 2 мали лажички сол;
  • 340g стар леб (исечкан на коцкички);
  • 10 лажици маслиново масло;
  • 1 помал црвен кромид (изрендан);
  • ½ лажица сенф;
  • 2 лажици бел оцет;
  • Црн бибер;
  • 15g свежи листови од босилек (исечкани).

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзисуови;
  • Исечканите домати се ставаат во цедалка за тестенини и се посолуваат со 2 лажици сол, па цедалката се става врз друг подлабок сад и се остава сокот да се исцеди;
  • Во подлабок сад се става исечканиот леб на коцкички и се попрскува со 2 големи лажици маслиново масло. Се префрла на плех обложен со хартија и се става да се пече околу 15-тина минути, односно додека стане крцкав и цврст, но да не ја промени бојата;
  • Лебот се вади од рерна и се остава да се олади;
  • Доматите се тргаат од длабокиот сад и се ставаат настрана;
  • Во сокот од доматите се додава рендан кромид, сенф и оцет и се меша со метална маталка;
  • Додека матиме со маталката полека во тенок млаз се додаваат останатите 8 лажици маслиново масло и се меша сѐ додека не се добие изедначен прелив;
  • Во длабок сад се мешаат потпечениот леб, доматите и се прелеваат со преливот, па се додава сол, бибер и исечкани листови босилек и се мешаат сите состојки;
  • Потребно е салатата да се остави да отстои околу 30-тина минути или додека лебот да го впие преливот.

recepti-so-star-leb-3-obroci-za-koi-kje-se-chudite-kako-porano-ne-vi-teknalo-da-gi-prigotvite-02.jpg

Потпечен леб со лук и путер

Потребни состојки:

  • 120g несолен путер (стопен);
  • 6 големи чешниња лук (излупени и изрендани);
  • 2 големи лажици ситно исечкан магдонос;
  • 120g рендан пармезан;
  • ½ лажица сол;
  • ¼ лажица црн бибер;
  • 1 цел стар бел леб.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
  • Во длабок сад со виљушка промешајте го путерот, лукот, магдоносот и пармезанот додека целосно да се соединат;
  • Лебот се сече по должина и се премачкува со мешавината со путерот на двете парчиња леб;
  • Премачканиот леб се става на плех обложен со хартија за печење и се става да се пече 10-тина минути додека путерот да се стопи, а лебот да добие блага кафеава боја;
  • Се сече на парчиња и се служи топол.

recepti-so-star-leb-3-obroci-za-koi-kje-se-chudite-kako-porano-ne-vi-teknalo-da-gi-prigotvite-03.jpg

Потпечено лепче со колбаси

Потребни состојки:

  • 1 леб (исечкан на коцкички);
  • 60g несолен путер;
  • 300g колбаси (исечкани на полукрукчиња);
  • 100g ситно исечкан кромид;
  • 50g ситно исечкан целер;
  • Неколку гранчиња магданос ситно исечкани;
  • 3 големи лажици ситно исечкана жалфија;
  • 700ml вода за супа (несолена);
  • 1 лажица сол;
  • 1 лажица црн бибер;
  • 2 големи јајца;
  • Масло за јадење.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Лебот се сече на коцкички и се распоредува во плехови за печење, во еден ред и без преклопување на коцкичките;
  • Двата плеха се ставаат да се печат околу 15-тина минути, со повремено преместување на позициите во рерната (ако првата била горе, по одреден период да се спушти подолу и обратно);
  • Плеховите се вадат и се намалува температурата на рерната на 180 степени Целзиусови;
  • Во тавче на малку путер се пржат колбасите, додека да станат кафеави, односно 6 до 8 минути;
  • Со шпатула се тргаат од тавата, но да остане путерот внатре. Се додаваат уште 3 лажици путер и на средна температура се ставаат да омекнат кромидот и целерот, околу 10 минути;
  • Тавата се трга од оган, па се додава магдонос и свежа жалфија;
  • Во длабок сад се меша водата за супа, сол, црн бибер и јајца;
  • Во смесата се додаваат потпечените коцкички леб, колбасите и кромидот и целерот, па се ставаат во плех за печење и се печат на температура од 180 степени Целзиусови околу 30 минути или додека лебот да стане крцкав на површината.

recepti-so-star-leb-3-obroci-za-koi-kje-se-chudite-kako-porano-ne-vi-teknalo-da-gi-prigotvite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg