Брза Несквик торта со готово тесто - Идеален рецепт за сите сладокусци

Сакате да подготвите нешто слатко и вкусно, а да не ви одземе многу време? Пробајте го овој рецепт за Несквик торта со готови кори кој не е воопшто комплициран, а сигурно ќе ви се допадне. Буквално се топи во уста.

brza-neskvik-torta-so-gotovo-testo-idealen-recept-za-site-sladokusci-01.jpg

Ако ве мрзи да печете тесто или да правите комплицирани филови каде се делат жолчките од белките, па сето тоа одзема време и енергија, пробајте нешто поедноставно – Нексвик торта која ќе ве освои на прво правење и вкусување и ќе ја правите често.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1l млеко
  • 3 пудинга со вкус на ванила
  • 400g Несквик
  • 200g шеќер
  • 50g шеќер во прав
  • 350g путер
  • 1 ќесичка шлаг + 100ml млеко
  • 250ml слатка павлака
  • 100ml чоколадно млеко
  • 1 пакување готово чоколадно тесто за колачи (во тркалезна форма)

brza-neskvik-torta-so-gotovo-testo-idealen-recept-za-site-sladokusci-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Бидејќи корите за тортата се купуваат готови, потребно е да ги подготвите само филот и шлаг-пената.
  • Во длабок сад истурете 800ml млеко и додадете 200g шеќер. Ставете го садот на загреана рингла за млекото да почне да врие и да се стопи шеќерот.
  • Во друг сад ставате ги јајцата и изматете ги со миксер.
  • Додадете ги трите пудинга и 100ml ладно млеко. Матете со миксер за да нема грутчиња, па додајте уште 100ml млеко.
  • Истурете ja смесата во зовриеното млеко и сварете го филот. На крај додајте 200g Несквик и убаво измешајте со миксер за да добиете мазна смеса. Оставете го да се излади на собна температура.
  • Во друг сад ставете го путерот, додајте го шеќерот во прав и матете додека да добиете мазна смеса (а прав шеќерот да не ви крцка меѓу прстите кога ќе го допрете).
  • Потоа додајте го и изладениот фил, уште 200g Несквик и матете со миксер.
  • Поделете го филот на 3 еднакви дела.
  • Во трет сад истурете го шлагот од кесичката, ставете 100ml млеко и 250ml слатка павлака и матете со миксер за да добиете цврста смеса.
  • Кога шлагот ќе биде готов, почнете да ја филувате тортата.
  • Ставете го првото тесто врз голема чинија (или послужавник обложен со фолија) и попрскајте ја со малку чоколадно млеко за да омекне.
  • Ставете го првиот дел од чоколадниот фил, па одозгора ставете половина од шлагот. Повторете ја постапката и со втората кора – чоколадно млеко, чоколаден фил и остатокот од шлагот.
  • Врз третото тесто ставете само чоколадно млеко, па врз него ставете го последниот дел од филот. Оставете малку за да ја премачкате тортата и од страните.
  • Украсете ја со парчиња портокал, рендано чоколадо или бисквит колачиња.

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава