Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом

Лесен и едноставен рецепт за кој не треба да потрошите многу време, а целиот ваш дом ќе мириса на топлина и љубов!

recept-za-puter-kolachinja-so-rum-od-koi-kje-zamirisa-celiot-dom-01.jpg

Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум.

Со нив може да правите многу комбинации, да ги јадете набрзина или да се одлучите за зголемување на вкусот така што ќе ги потопите во бело или темно чоколадо или пак едноставно ќе ја пуштите слободно вашата фантазија и ќе ги декорирате по ваш вкус.

Потребни состојки:

  • 100g путер на собна температура
  • 150g шеќер
  • 1 поголемо јајце
  • 7-8ml екстракт од рум
  • 5ml екстракт од ванила
  • 7g прашок за печиво
  • 1,5g мелено морско оревче
  • Малку сол
  • 90g пченично интегрално брашно
  • 90g сенаменско брашно

recept-za-puter-kolachinja-so-rum-od-koi-kje-zamirisa-celiot-dom-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 190 степени, а во соодветен плех ставете хартија за печење.
  • Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот и матете на средна брзина, околу една минута, додека не добиете кремаста смеса.
  • Потоа додајте го јајцето и повторно матете, па додајте ги екстрактот од рум, екстрактот од ванила, прашокот за печиво, морското оревче и солта.
  • Откако добро ќе изматите, ставете ги двата вида брашно и матете на мала брзина, додека брашното целосно не се соедини.
  • Потоа, во мала кесичка додајте околу 30 грама шеќер и околу 5 грама цимет. Добро протресете ги за да се измешаат, па направете мали топчиња од смесата за колачиња и ставајте ги внатре.
  • Нежно префрлувајте ги од една на друга страна за добро да се „налепат“ со смесата од шеќер и цимет.
  • Потоа, ставете ги во плех и израмнете ги така што секое колаче да биде со дебелина од околу 2,5 сантиметри и околу 4 сантиметри широко.
  • Печете ги околу 8 до 9 минути, па откако ќе се оладат може да ги потопите во чоколадо или едноставно да ги сервирате така.

recept-za-puter-kolachinja-so-rum-od-koi-kje-zamirisa-celiot-dom-03.jpg

Совет плус за потопување во чоколадо: Ставете го чоколадото во посебни чинии, додавајќи малку масло во секоја. Ставете ги во микробранова додека чоколадото речиси не се стопи. Извадете и промешајте додека не стане мазно.

Секое колаче потопете го до половина во чоколадото и ставете го на претходно обложен плех. Додајте чоколадни или шарени трошки и оставете да се оладат додека не се стврдне чоколадото. Уживајте!

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава