Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер
Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините никако поинаку.

Во сезоната на мандарини, подгответе го овој брз, а вкусен колач.
Лесен е за подготовка, а прегорениот шеќер му дава пикантна нота која ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
- 4-5 мандарини
- 1 јајце
- 50g шеќер
- 60ml масло
- 100ml млеко
- 170g пченично брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 20g путер
- 20g шеќер
Начин на подготовка:
- Излупете ги мандарините и пресечете ги на половина, па тргнете ги на страна.
- Во длабок сад ставете 1 јајце и 50g шеќер, па изматете ги со рачна маталка.
- Во смесата додајте 60ml масло и 100ml млеко, па повторно измешајте за да ги споите состојките.
- На крај додајте 170g пченично брашно и 1 лажичка прашок за печиво. Треба да добиете густа, мазна смеса.
- Загрејте тава на тивок оган и во неа ставете 20g путер и 20g шеќер. Мешајте додека шеќерот не почне да се карамелизира.
- Врз карамелизираниот шеќер ставете ги половинките мандарини.
- Врз нив истурете го тестото, па поклопете го со капак и печете околу 10 минути (без да го отворате колачот).
- Превртете го колачот на чинија, оставете да остине и послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...