Како од кујната на баба: Рецепт за сарма

Празничната сезона не може да помине без сарма на трпезата. Сигурно имате рецепт по кој ја подготвувате и ви е најубава на свет, но секогаш можете да подготвите и сарма според оригиналниот рецепт на нашите баби.

kako-od-kujnata-na-baba-recept-za-mrsna-sarma-01.jpg

Знаете ли која е тајната на вкусната домашна сарма? Малку свинска маст и расолница за совршен вкус...

Потребни состојки:

  • 2,5-3kg листови од кисела зелка
  • 800g јунешко мелено месо
  • 200g свинско мелено месо
  • 150g чадена сланина
  • 400g ориз
  • 3-4 средни главици кромид
  • 100ml масло за готвење
  • Сол и сушени зачини по вкус
  • Мелен бибер по вкус
  • Малку свеж или сушен магдонос (ситно сечкан)
  • 3 лажички црвен пипер
  • Буковец (по вкус)
  • 4-5 лажици свинска маст
  • 250ml расолница

Начин на подготовка:

  • Кромидот исечкајте го на ситни коцки и пржете го со малку сол додека да зацрвени.
  • Додајте ги меленото месо и сланината, која претходно сте ја исечкале на мали парчиња.
  • Кожата од сланината не ја фрлајте, туку чувајте ја да ја ставите врз сармата додека се пече.
  • Ставете го оризот во месото и пржете малку, па додајте ги сите зачини. Пред да го тргнете месото настрана, ставете го и магдоносот.
  • Свиткајте ги сармите и наредете ги во длабоко тенџере на чие дно сте ставиле листови зелка.
  • Прелијте ги со жешка вода и 250ml расолница.
  • И врз сармите ставете листови кисела зелка, па врз нив парчињата кожа од сланината и свинската маст.
  • Покријте го тенџерето со капак или со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна најмалку 2 и пол часа.
  • Кога ќе омекне зелката, ќе знаете дека сармата е готова.

kako-od-kujnata-na-baba-recept-za-mrsna-sarma-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg