3 брзи мезиња за новогодишната трпеза

Брзи залчиња од зденки на крекери, корнети со пилешка салата или крцкави новогодишни елки полнети со кашкавал и сувомеснато... Кој од овие 3 рецепти ќе биде ваш избор за новогодишната трпеза?

3-brzi-mezinja-za-novogodishnata-trpeza-01.jpg

Доколку планирате новогодишната вечер да ја дочекате во својот дом со најблиските, овие идеи за брзи мезиња сигурно ќе ви бидат добредојдени.

Наместо да ја сервирате салатата во чинија со лажица, можете да ја ставите во корнети од тортиља, а вкусните елки од лиснато тесто ќе бидат одлична замена за кифлички.

Проследете 3 рецепти за мезиња за новогодишната трпеза:

Корнети полнети со пилешка салата:

  • 6 тортиљи;
  • Свеж копар (ситно исечкан);
  • 300g пилешко филе;
  • 400g шампињони (ситно исечкани);
  • 50g мелени ореви;
  • 2 јајца (варени и ситно исечкани);
  • 1-2 чешниња лук (ситно исечкани);
  • 400ml павлака;
  • 1 лажичка сол;
  • ½ лажичка црн бибер;
  • 1 јајце за премачкување;
  • Малку сусам за наросување.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Тортиљите се сечат на половина со нож, се прицврстуваат со чепкалка за заби, а крајот се премачкува со малку разматено јајце за да се залепи;
  • Готовите корнети се ставаат на плех за печење обложен со хартија;
  • Корнетите се премачкуваат со разматено јајце, се наросуваат со сусам и се ставаат да се печат 10-тина минути на температура од 180 степени Целзиусови;
  • Во длабок сад се става ситно исечкано пилешко филе, шампињони, мелени ореви, јајца, лук, павлака, сол и бибер и се прави салатата;
  • Кога ќе се испечат корнетите, се полнат со пилешка салата и врвот се става во ситно исечкан копар.

Видео упатство:

Уште два рецепта на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава