3 брзи мезиња за новогодишната трпеза

Мини елки од лиснато тесто

Потребни состојки:

  • 2 пакувања лиснато тесто;
  • 2 лажици кечап (или доматен сос);
  • 200g моцарела (или листови кашкавал);
  • 400g сувомеснато (панцета, шунка и сланина);
  • ½ мала лажичка оригано;
  • 1 јајце;
  • Перца од кромид.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
  • Тестото се постила на работна површина, па се премачкува со малку кечап и се наросува со оригано;
  • Се става рендан кашкавал, па се редат тенките листови сувомеснато месо;
  • Одгоре се става уште едно лиснато тесто, па со ноже надолго се сечат ленти со дебелина од околу 1cm;
  • Од секоја лента се обликува мини елка и се боцнува на стапче за ражен;
  • Елките се распоредуваат на плех обложен со хартија за печење и се премачкуваат со разматено јајце;
  • Елките се печат од 15 до 20 минути на температура од 200 степени Целзиусови, односно додека да добијат златно кафена боја;
  • На врвовите може да се декорира со ѕвездички направени од кашкавал и да се декорираат со крукчиња од ситно исечени перца од млад кромид.

Видео упатство:

Мини залчиња од зденки со крекери

Потребни состојки:

  • 12 зденки или топени сирења во форма на триаголници;
  • Крекери;
  • Буковец;
  • Чили сол;
  • Сецкан млад кромид;
  • Солени стапчиња;

Начин на подготовка:

  • На секоја зденка ѝ се става по едно солено стапче на дното, па потоа се посолува со буковец, чили сол, сечкан млад кромид или зачини по ваш вкус и се става на крекер.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава