Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза

Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предлози за десерти за новогодишната трпеза.

recepti-za-3-brzi-rolati-za-novogodishnata-trpeza-01.jpg

Ролатите се идеални десерти за вечерите кога се прават забави и прослави. По потреба можете слободно да додавате нови парчиња во чиниите. Се прават брзо, а количински ќе имате доволно за цела вечер.

Во продолжение издвојуваме рецепти за некои од најпознатите чоколадни ролати што се служат на нашите простори:

Ролат со крем банани

Потребни состојки:

  • 100ml млеко;
  • 85g шеќер;
  • 1 ќесичка ванилин шеќер;
  • 113g несолен путер;
  • 100g мелени бисквити;
  • 100g мелени ореви;
  • 5-6 крем банани;
  • 2 листа обланда;
  • 100g темно чоколадо.

Начин на подготовка:

  • За да омекнат обландите земете две чисти кујнски крпи и навлажнете ги. Ставете ги крпите врз обландите и оставете да отстојат 10-тина минути од едната страна, па потоа превртете ја обландата и пак ставете ја крпата да отстои и од другата страна;
  • Во меѓувреме во едно тенџере ставете млеко, путер, шеќер, ванилин шеќер и чоколадо. Варете ги состојките на средна температура додека да се соединат;
  • Тргнете ја смесата од оган, додајте мелени ореви и мелени бисквити и мешајте со шпатула додека да се соединат сите состојки;
  • Смесата се остава да се олади и да се згусне од 15 до 20 минути;
  • Тргнете ги крпите од обландите и распоредете ги на работна површина;
  • Врз првата обланда размачкајте половина од филот со мелени бисквити, па прекријте со втората обланда;
  • Врз втората обланда нанесете го остатокот од филот и на средина поставете ги крем бананите;
  • Свиткајте ги обландите во ролат, и завиткајте го во алуминиумска фолија, па оставете го ролатот во ладилник најмалку 1 час за да се стегне;
  • Исечете го ролатот на тенки парчиња и сервирајте.

recepti-za-3-brzi-rolati-za-novogodishnata-trpeza-02.jpg

Уште два рецепта на следна страница...



Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Кремаст чизкејк со кокос, без печење Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg