Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предлози за десерти за новогодишната трпеза.

Ролатите се идеални десерти за вечерите кога се прават забави и прослави. По потреба можете слободно да додавате нови парчиња во чиниите. Се прават брзо, а количински ќе имате доволно за цела вечер.
Во продолжение издвојуваме рецепти за некои од најпознатите чоколадни ролати што се служат на нашите простори:
Ролат со крем банани
Потребни состојки:
- 100ml млеко;
- 85g шеќер;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- 113g несолен путер;
- 100g мелени бисквити;
- 100g мелени ореви;
- 5-6 крем банани;
- 2 листа обланда;
- 100g темно чоколадо.
Начин на подготовка:
- За да омекнат обландите земете две чисти кујнски крпи и навлажнете ги. Ставете ги крпите врз обландите и оставете да отстојат 10-тина минути од едната страна, па потоа превртете ја обландата и пак ставете ја крпата да отстои и од другата страна;
- Во меѓувреме во едно тенџере ставете млеко, путер, шеќер, ванилин шеќер и чоколадо. Варете ги состојките на средна температура додека да се соединат;
- Тргнете ја смесата од оган, додајте мелени ореви и мелени бисквити и мешајте со шпатула додека да се соединат сите состојки;
- Смесата се остава да се олади и да се згусне од 15 до 20 минути;
- Тргнете ги крпите од обландите и распоредете ги на работна површина;
- Врз првата обланда размачкајте половина од филот со мелени бисквити, па прекријте со втората обланда;
- Врз втората обланда нанесете го остатокот од филот и на средина поставете ги крем бананите;
- Свиткајте ги обландите во ролат, и завиткајте го во алуминиумска фолија, па оставете го ролатот во ладилник најмалку 1 час за да се стегне;
- Исечете го ролатот на тенки парчиња и сервирајте.

Уште два рецепта на следна страница...
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen
Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...