Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза

Ролат со кокос

Потребни состојки:

За темна смеса:

  • 250g мелени бисквити;
  • 100g шеќер во прав;
  • 1 ќесичка ванилин шеќер;
  • 1 лажица како во прав (полна до врв);
  • 125ml топло инстант кафе.

За светла смеса:

  • 100g омекнат маргарин;
  • 100g шеќер во прав;
  • 60g кокос;
  • 20-30g кокос (за декорација).

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги сите суви состојки за темната смеса и постепено додавајте кафе и мешајте;
  • Важно е состојките добро да се соединат за ролатот да не испука кога ќе го виткате;
  • Врз фолија, ставете ја смесата, распоредете ја прво со рацете, а потоа со сукало обликувајте тенка кора;
  • Во длабок сад, ставете го омекнатиот маргарин, додајте шеќер и матете со миксер додека да добиете изедначена смеса;
  • Додајте го кокосот и убаво промешајте со шпатула;
  • Преку кората од бисквити, премачкајте ја светлата смеса;
  • Од двете смеси, внимателно завиткајте ролат;
  • Обложете го со алуминиумска или со проѕирна фолија и оставете го да стои во ладилник на неколку часа.

recepti-za-3-brzi-rolati-za-novogodishnata-trpeza-03.jpg

Ролат со бисквити и јаткасти плодови

Потребни состојки:

  • 200g бисквити;
  • 150g маргарин;
  • 150g чоколадо за готвење;
  • 120g сечкани ореви, лешници, бадеми;
  • 3 лажици шеќер;
  • 90ml млеко;
  • 30g суво грозје;
  • 1 ќесичка ванилин шеќер.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се ставаат ситно искршени бисквити и ситно исечкани ореви, бадеми, лешници и суво грозје;
  • Во длабок сад се ставаат чоколадо искршено на коцки, маргарин исечен на коцки, шеќер и млеко и се оставаат да се стопат на пареа;
  • Стопената смеса се додава врз искршените бисквити и јатки и се меша додека бисквитите да омекнат;
  • Готовата смеса се става во силиконски калап за ролат, или се става врз фолија и со нејзина помош се формира долгнавест ролат;
  • Ролатот се остава да отстои неколку часа во ладилник за да се стегне, а потоа се посипува со шеќер во прав и се сервира.

recepti-za-3-brzi-rolati-za-novogodishnata-trpeza-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Кремаст чизкејк со кокос, без печење Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg