Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус сигурно ќе уживате.

Сите луѓе не го сакаат киселиот вкус на лимонот. Но, во комбинација со пишкоти и слатка павлака, тој е навистина совршен...
Пробајте го овој кремаст колач кој не е многу тежок за подготовка и не се пече.
Потребни состојки:
За кандираниот лимон:
- 3-4 лимони
- 250ml вода
- 250g шеќер
За кремот од лимон:
- 2 лимона
- 400g маскарпоне сирење
- 250ml слатка павлака
- 4 жолчки
- 70g шеќер
- 50ml ликер лимончело
- 20-30 парчиња пишкоти
Начин на подготовка:
- Најпрво направете ги кандираните лимони. Исечете ги на тенки парчиња, а во длабок сад ставете вода да зоврие. Потопете ги лимоните во врелата вода 1 минута, па исцедете ги.
- Во друго тенџере ставете ги шеќерот и 250ml вода. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата, ставете ги парчињата лимон и оставете ги да се варат на тивок оган околу 30 до 40 минути. Исцедете ги лимоните од сирупот, оставете да се изладат и исечкајте ги на ситни парченца. Сирупот тргнете го настрана.
- Почнете со подготовката на кремот. Изрендајте ја кората од лимонот и спојте ја со шеќерот. Спојте ги со рака за шеќерот побрзо да ја впие аромата на лимонот.
- Во друг сад ставете ги жолчките, па спојте ги со смесата од шеќер и кора од лимон. Матете со рачна маталка за смесата да побели.
- Додајте го маскарпонето, едно капаче од ликерот лимончело и матете за да добиете мазна и хомогена смеса. Матете ја слатката павлака за да се згусне, па додајте ја во смесата со маскарпонето.
- Во посебен сад измешајте сок од 2 лимона со 2 лажички сируп од лимон (во кој ги кандиравте лимоните) и 1 капаче од ликерот лимончело, па убаво измешајте.
- Потопете ги пишкотите во смесата, а потоа ставете ги на дното на садот во кој ќе го редите тирамису колачот.
- Истурете половина од кремот од маскарпоне врз пишкотите и измазнете го со шпатула. Наросете со исечканите кандирани лимони. Повторете ја постапката уште еднаш.
- Оставете го во фрижидер најмалку 4 часа (или преку ноќ). Украсете со парчиња лимон и рендана кора од лимон.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...