Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет
Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, на кој нема да можете да му одолеете.

Ролничките со цимет и јаболка се совршен десерт со преубав вкус...
За негова подготовка не ви се потребни многу состојки, само малку време да го подготвите, но напорот ќе вреди, бидејќи се топат во устата.
Потребни состојки:
- 1 пакување кори за баклава
- 3-4 јаболка (средна големина)
- 6 јајца
- 90g шеќер
- 150g брашно
- 60g стопен путер
- 100g ф’стаци ситно сечкани
- 300g млеко
За премачкување на корите:
- Стопен путер
- Цимет
- Шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Стопете го путерот и со него премачкајте една кора. Посипете шеќер во прав преку цедалка за да го распоредите рамномерно на целата кора. Врз кората додајте и малку цимет.
- Ставете втора кора, па и неа премачкајте ја со путер и наросете шеќер во прав и цимет.
- Јаболката измијте ги и исечкајте ги на многу тенки резанки.
- Наредете ги едно врз друго на долниот ден на кората, па свиткајте ја кората како хармоника (како во видеото). Потоа направете ролничка.
- Сите ролнички ставете ги во тава за печење, која претходно сте ја намачкале со малку масло. Печете околу 20 минути на 190 степени.
- Во друг сад ставете ги јајцата, шеќерот, брашното, путерот кој сте го стопиле и спојте ја смесата со рачна маталка.
- Со смесата прелијте ги ролничките, па наросете ги со ситно исечканите ф’стаци.
- Вратете ја тавата да во рерна уште 25 минути на 190 степени.
- Кога ќе бидат испечени, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...