Рецепт за брзи мини крофни, што секогаш успева

Крофните се еден од омилените десерти за сите генерации. Со помош на овој рецепт, и најнеискусните и почетниците во кујна може да направат вкусни крофни за целото семејство.

recept-za-brzi-mini-krofni-shto-sekogash-uspeva-01.jpg

Станува збор за мошне лесен рецепт, во кој само ќе треба да ги изматите сите состојки со миксер, да ги испржите и потоа да ги декорирате со додатоци по ваш вкус.

Инаку, клучна состојка во овој рецепт е алкохолот, кој нема да дозволи крофните да впијат премногу мрснотија.

Рецепт за брзи мини крофни:

Потребни состојки:

  • 400ml јогурт;
  • 2 јајца;
  • 1 лажица ракија;
  • 360-380g брашно;
  • 50g шеќер;
  • 2 ќесички ванилин шеќер;
  • 1 прашок за печиво;
  • Масло за пржење;
  • Шеќер во прав и течно чоколадо (за декорација).

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во длабок сад и се матат со миксер на средна брзина, додека да се добие еднаква смеса без грутки;
  • На рингла, на средна температура се загрева маслото за пржење;
  • Со мала лажичка се вадат мали крофни од смесата и се пржат од двете стани додека не поруменат;
  • На крај крофните се декорираат со шеќер во прав и течно чоколадо.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава