Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости
Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и краставички... Идеална е за мезе кога чекате гости, а немате премногу време за подготовка.

Оваа пилешка салата по малку потсетува на нашиот таратор, со тоа што е полна со пилешко месо. Ќе ви се допадне затоа што е мошне брза за подготовка, а рецептот ќе ви се најде и кога чекате гости, но немате многу време за подготовка.
Како да ја подготвите?
Потребни состојки:
- 1 поголемо парче (200g) пилешки стек;
- 2 свежи краставици (или тиквички);
- 1 морков;
- 50g пченка (сварена);
- 50g сечкани ореви;
- 300ml павлака;
- Малку свеж копар;
- 1 големо чешне лук (столчено);
- ½ лажичка сол;
- ¾ лажици маслиново масло.
Начин на подготовка:
- Пилешкиот стек се вари додека да омекне и се остава да се олади;
- Оладениот стек се сечка на ситни парченца;
- Морковите и краставичките (или тиквичките) се мијат и се рендаат, па се пропржуваат на малку маслиново масло, додека да омекнат;
- Во длабок сад се мешаат изладеното пилешко месо, изладениот зеленчук, оревите, пченката, јогуртот, лукот и се зачинуваат со сол и свеж копар;
- Сите состојки се мешаат и готовата салата може да се сервира веднаш.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...