Рецепт за сочна торта со зрели банани и киви

Интересно е тоа што за негова подготовка ви се потребни добро зрели банани и добро зрели киви, така што веќе никогаш нема да има потреба да ги фрлате овие овошја, зашто вкусниот десерт нема да ве остави рамнодушни.

recept-za-sochna-torta-so-zreli-banani-i-kivi-01.jpg

Ако и вие сте љубители на слаткиот мирис и вкус на бананата, тогаш вреди да го пробате овој рецепт, кој дополнително е збогатен со киви.

За негова подготовка ви се потребни добро созреани банани и киви, така што веќе никогаш нема да има потреба да ги фрлате овие овошја, зашто вкусниот десерт нема да ве остави рамнодушни.

Потребни состојки:

  • 224g брашно;
  • 105g шеќер;
  • 112g путер;
  • 3 лажици кафеав шеќер;
  • 2 јајца;
  • 2 зрели банани (презреани со кафеави дамки);
  • 3 зрели киви (оние кои се малку меки на допир);
  • 1 лажичка екстракт од ванила;
  • 2 лажици сок од лимон;
  • 1 лажичка прашок за печиво;
  • 1 лажичка сода бикарбона;
  • Прстофат сол;
  • Половина банана за прелив;
  • Додатоци кои може да ги ставите во тестото: половина чаша свежи или сушени боровинки, чоколадни трошки, чоколаден чипс.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180°C;
  • Во голем сад за матење се мешаат брашното, прашокот за печиво, содата и солта;
  • Во друг сад со миксер се мати шеќерот со путерот додека смесата не стане кремаста;
  • Се додаваат и јајцата едно по едно и продолжувате да матите додека не се добие изедначена смеса;
  • Бананите и кивите се гмечат и се додаваат во смесата со путер, заедно со сокот од лимон и екстрактот од ванила;
  • Сите состојки добро се мешаат со пластична шпатула;
  • Со лажица полека се претура смесата од брашно во смесата со путер и банани;
  • Тука може да се стават додатоците како боровинка или чоколаден чипс;
  • Тестото се става во плех за печење премачкан со путер;
  • Дополнително може да се исечат тенки парчиња банани за да ја декорирате тортата;
  • Ако се решите да го правите ова, врз парчињата банани посипете малку шеќер, така што тие ќе се карамелизираат во рерната;
  • Тортата се пече на температура од 180°C околу 40-45 минути;
  • Потоа, температурата се намалува на 150 степени и се пече уште 20-тина минути или додека не бидете сигурни дека е готова (проверете со нож, треба да ви излезе чист кога ќе ја допрете тортата до дното);
  • Ако премногу бргу се зарумени, тогаш покријте со фолија. Оставете да се олади, па сервирајте!

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава