Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила
Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете и како појадок, кој ќе ви даде енергија уште на почетокот на денот.

Сакате да се храните здраво, ама и да каснете вкусен десерт?
Пробајте го овој рецепт за тирамису кој се прави без печење, а главни состојки се овесни снегулки, еспресо и ванила.
Потребни состојки:
За подлогата:
- ½ шолја овесни снегулки
- 20g какао протеин во прав
- ½ шолја млеко од соја
- ½ лажица ленено семе
- ½ лажица чиа семе
- 1 шолја еспресо
- Неколку капки екстракт од ванила
За кремот:
- 1 лажица обично крем сирење
- ½ лажица јаворов сируп
Чоколаден прелив:
- 20g стопено темно чоколадо
- 1 лажичка кокосово масло
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги сите состојки за подлогата.
- Во посебен сад спојте ги состојките за кремот за да добиете мазна смеса.
- Почнете да го редите тирамисуто - ставете половина од смесата за основата во широка стаклена чаша, па врз неа додајте пола смеса со крем сирење.
- Повторете ја постапката уште еднаш.
- Измешајте ги убаво двете состојки за чоколадниот прелив. Кога ќе добиете мазна смеса веднаш истурете ја врз здравото тирамису.
- Оставете го колачот во фрижидер најмалку еден час или преку ноќ, пред да го изедете.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...