Рецепт за погачици со чварки со неодолив вкус

Овие домашни погачици со чварки се идеални за појадок или за ужинка, а имаат неодолив вкус...

recept-za-pogachici-so-chvarki-so-neodoliv-vkus-01.jpg

Сигурно сте слушнале дека погачиците со чварки се вистински специјалитет, но дали некогаш сте ги пробале? Се подготвуваат лесно, па ако ви се наоѓаат чварки дома, зошто да не ги замесите?

Потребни состојки:

  • 40g свеж квасец
  • 500ml млеко
  • 1kg брашно
  • 2 жолчки
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 500g ситни чварки
  • 100g лажици свинска маст
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  • Ставете го квасецот да нарасне со млако млеко, малку шеќер и 1 лажица брашно.
  • Во посебен сад измешајте ги жолчките, солта и брашното, па додајте го квасецот. Замесете тесто и оставете го да нарасне.
  • Уште еднаш премесете го, па расукајте го со сукало.
  • Мелените чварки спојте ги со свинската маст, па со смесата премачкајте го тестото.
  • Преклопете го на половина, па повторно премачкајте (како во видеото).
  • На крајот повторно расукајте кора и со чаша или модла направете погачици.
  • Наредете ги во подмачкан плех, па премачкајте ги со јајце.
  • Оставете малку да отстојат и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...

Најчитани неделава