Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата

Леќа

Потребни состојки:

  • 500g леќа
  • 1 кромид со средна големина
  • 1 морков со средна големина
  • сол, бибер
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажица брашно
  • вегета по вкус
  • масло по потреба
  • колбас

Начин на подготовка:

  • Леќата варете ја околу 10-15 минути.
  • Во тенџере пропржете ги кромидот и морковот, а потоа додајте го исечканиот колбас и леќата со водата во која се варела и гответе околу 20 минути. 
  • Додајте сол и бибер и добро измешајте.
  • Кога ќе биде сѐ сварено, на малку загреано масло истурете една лажица брашно и една лажичка буковец и мешајте додека не се згусне. 
  • Ваквата запршка истурете ја во тенџерето со леќата и варете уште 5 минути.

vkusni-domasni-chorbesti-jadenja-za-5-dena-vo-nedelata-006.jpg

Гулаш

Потребни состојки:

  • китка магдонос
  • 1 ловоров лист
  • китка целер
  • зрна бибер
  • 3 гранчиња мајчина душичка
  • 680g телешко месо
  • 2 црвени кромиди
  • 2 моркови
  • сок од лимон
  • сол
  • мелен бибер
  • 85g путер
  • 230g печурки
  • 2 лажици брашно
  • 1 жолчка од јајце
  • 2 лажици кисела павлака

Начин на подготовка:

  • Телешкото месо исечкајте го на коцки. 
  • Кромидот ситно исечкајте го 
  • Морковите исечкајте ги на коцки, а печурките на четвртинки.
  • Во тенџере ставете го телешкото месо, 1 ситно сечкан кромид, морковите, сокот од лимон, ситно сечканите магдонос и целер, зрната бибер и ловоровиот лист, како и гранчињата мајшина душичка, па сè целосно прекријте со вода. 
  • Додадете сол и бибер. 
  • Оставете на тивко да се вари 1 час. 
  • Во тавче на средна температура растопете 25g путер. Додадете го другиот исечкан кромид и пропржете со повремено мешање додека не порумени. 
  • Додадете уште 25g путер и печурки. 
  • Пржете со повремено мешање околу 5 минути.
  • Исцедете ја течноста од телешкото, но зачувајте дел од неа. Додадете го месото и зеленчукот во печурките и кромидот, и тргнете ги на страна, но на топло. 
  • Во голема тава растопете го преостанатиот путер. Просејте го брашното и динстајте го со постојано мешање околу една минута. 
  • Тргнете ја тавата од оган и постепено додавајте ја зачуваната течност во која се варело телешкото. 
  • Вратете ја тавата на оган и мешајте додека не зоврие и згусне. 
  • Тргнете ја тавата од оган и оставете ја малку да се излади. 
  • Во еден сад измешајте ја жолчката со павлака и смесата полека додадете ја во претходната запршка.
  • Сето тоа ставете го во чорбата и варете 5 минути без да зоврие. 
  • Зачинете, украсете со магдонос и послужете.

vkusni-domasni-chorbesti-jadenja-za-5-dena-vo-nedelata-.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com



Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg