Омилен појадок за сите што сакаат сендвичи со растопен кашкавал – Како се прави Pizza Lava?

Растопен кашкавал во средината, но и на површината на сендвичот. Знаете ли како се подготвува Pizza Lava сендвич, што стана вирален хит на социјалните мрежи?

omilen-pojadok-za-site-shto-sakaat-sendvichi-so-rastopen-kashkaval-kako-se-pravi-pizza-lava-sendvich-01.jpg

Социјалните мрежи се местото каде што во последниот период масовно се споделуваат брзи рецепти.

И иако некои од нив се сметаат за промашување, рецептот за Pizza Lava сендвич е еден од омилените, што луѓето масовно се обидуваат да го приготват.

За каков сендвич станува збор и како се подготвува?

Потребни состојки (за 4 сендвичи):

  • 8 парчиња тост-леб;
  • 8 парчиња кашкавал;
  • 200g рендан кашкавал;
  • Доматен сос;
  • 100g сувомеснато (по ваш вкус, најдобро кулен);
  • Исечкани перца од млад кромид, оригано, (или друг зачин по ваш вкус).

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 190 степени Целзиусови;
  • На плех обложен со хартија за печење се распоредуваат 4 парчиња леб;
  • На секое парче леб по краевите се распоредува по едно праче кашкавал (при што треба да водите сметка средината да биде празна);
  • Врз лепчето се става уште едно парче леб и со лажица за сладолед се прави длабнатина на средина;
  • Длабнатината се исполнува со доматно пире и се распоредува, па се зачинува со оригано;
  • Сендвичите се наросуваат со рендан кашкавал, па врз нив се редат тенки парчиња сувомеснат производ;
  • Лепчињата се печат на температура од 190 степени околу 15 минути или додека кашкавалот да се стопи, а краевите на лепчето да се запечат;
  • Сендвичите се вадат од рерна и се оставаат да се оладат неколку минути;
  • Доколку сакате свежи перца од млад кромид, сега можете да ги наросите сендвичите.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава