Потпечени сочни макарони со праз и пилешко
Ако сте љубител на праз, тогаш мора да го пробате овој рецепт за потпечени тестенини со праз и пилешко...

Не знаете што следно да зготвите за ручек? Можеби овој рецепт ќе ве инспирира, особено ако сте од оние луѓе што го сакаат вкусот на праз.
Потребни состојки:
- 2 пилешки гради без коски
- сол и бибер
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица путер
- 1 пакување макарони
- 4 лажици путер
- 1 среден страк праз, исечкан ситно
- 2 чешниња лук
- 1 средна брокула, ситно исечкана
- ¼ шолја брашно
- 4 шолји млеко
- сол и бибер по вкус
- ¼ лажичка мелено морско оревче
- ½ шолја рендан пармезан
- 1 ½ шолја рендана моцарела
- ¼ шолја рендан пармезан
Начин на подготовка:
- Сварете ги макароните, но тргнете ги од шпоретот 1-2 минути порано отколку што пишува на кесичката, за да не се преварени.
- Пилешките гради зачинете ги со сол и бибер. Во тавче ставете 1 лажица маслиново масло и 1 лажица путер, па кога ќе се загреат, испржете го пилешкото месо (да биде зацрвенето од двете страни, но сепак меко внатре).
- Празот исечкајте го ситно, па пржете го на 4 лажици путер. Кога малку ќе се стопи, додадете го лукот (ситно исечкан), а потоа и брокулата, која исто така сте ја исечкале на мали парчиња.
- Пржете уште 2-3 минути додека зеленчукот не омекне.
- Во оваа смеса ставете го брашното, а потоа додадете го и млекото. Мешајте за да се спојат сите состојки убаво. Доколку ви е густо, додајте уште малку млеко.
- Кога ќе биде готова смесата, додадете ½ шолја рендан пармезан, сол, бибер и морско оревче.
- Тргнете го тенџерето на страна, па додадете ги тестенините и пилешкото месо, кое сте го исечкале на коцкички.
- Префрлете ги тестенините во тава за печење (или во мали огноотпорни чинии) и наросете одозгора со изренданата моцарела и ¼ шолја пармезан.
- Печете во загреана рерна околу 20-25 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...