Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнети со ориз и печурки, послужени на уникатен начин.

Изборот на посни јадења во периодот на постите е голем, но дали сте го пробале овој рецепт?
Ако не, барем еднаш нека се најде на вашето мени (а потоа ќе го подготвувате често).
Потребни состојки:
- 6-7 црвени пиперки (за ајвар)
- 1 главица кромид
- 1 среден морков
- 200g печурки
- 220g ориз (долго зрно)
- 500ml вода
- 1 лажичка куркума
- 1 лажика бибер
- 1 лажичка сол
- Свежи билки (копар, магдонос - по вкус, ситно сечкани)
- 1 домат
- 150g растителен кашкавал
Начин на подготовка:
- Пиперките сосе дршки се печат во загреана рерна за да омекнат (околу 20 минути на 180 степени Целзиусови).
- Додека пиперките се печат, во тавче на малку масло пропржете го кромидот кој сте го исечкале на ситно.
- Веднаш додадете го и ситно исечканиот морков, печурките исечкани на покрупни парчиња и оризот.
- Зачинете со сол, бибер и куркума, па додадете ја и водата. Смесата нека се динста неколку минути (ако треба додадете уште малку вода), па на крајот додадете ги и билките и доматот (исечкани на ситно).
- Оставете да прокрчка уште неколку минути.
- Во меѓувреме, извадете ги црвените пиперки од рерната, па со нож пресечете ја секоја пиперка на половина, по должина.
- Наполнете ги со смесата од ориз и печурки (рамномерно распоредете ја целата смеса), па врз неа ставете рендан растителен кашкавал.
- Печете уште 10-15 минути на 200 степени Целзиусови.
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...