Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој нема да одолее на вкусот на овие посни праски.

Малите праски во минатото беа омилени колачи и тоа не само за празниците и прославите – тие се послужуваа и на маса со кафе или како десерт по ручекот.
Станува збор за колачиња кои со бојата и обликот потсетуваат на праски, а можете да ги приготвите за да ги изненадите домашните со нешто слатко.
Потребни состојки:
За кора:
- 600g брашно;
- 200ml масло за јадење;
- 200ml вода;
- 1 прашок за печиво;
- 1 ќесичка ванилин шеќер.
За фил:
- 150g шеќер;
- 200g маргарин;
- 50g чоколада за готвење;
- 2 лажички рум.
За прелив:
- 100g шеќер;
- 200ml вода;
- Прехранбена боја (црвена и жолта);
- Шеќер (за валкање).
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се ставаат водата, маслото и ванилиниот шеќер, па се додава просеено брашно и прашок за печиво;
- Од состојките се замесува тесто, се прекрива со фолија и се остава половина час во ладилник;
- Рерната се загрева на температура до 190 степени Целзиусови;
- Од тестото со лажица се обликуваат колачи во форма на полу-топчиња и се ставаат во плех обложен со хартија за печење;
- Готовите колачи се печат 15-тина минути на температура од 190 степени Целзиусови;
- Секое полу-топче благо се вдлабнува со нож;
- Чоколадото за готвење се топи на пареа и се остава малку да се олади;
- Во длабок сад се става маргаринот, па се додава шеќерот и се мати со миксер;
- Во смесата се додава оладеното чоколадо, румот и се мати со миксер уште неколку минути;
- Во вдлабнатините од секое полу-топче се става малку фил, па се залепува со друго полу-топче;
- Шеќерот се топи во водата за преливот, па течноста се дели на два дела;
- Во едниот дел се раствора црвена, а во другиот жолта прехранбена боја;
- Секое топче прво се потопува во жолта, а потоа и во црвена боја, па се валка во малку шеќер.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
„Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...