2 здрави рецепти за хумус кои се прават за неколку минути
За да направите домашен хумус, не ви треба многу време - потребно е само да ги набавите состојките и да ги изблендирате.

Хумусот е здрав намаз кој ќе го комбинирате со какви било сендвичи и зеленчуци, а може да го користите и како сос за пица…
За подготовка на овие рецепти не е потребно многу време - само треба да ги набавите потребните состојки и да ги изблендирате.
Хумус со домати и босилек
За подготовка на овој хумус, најдобро е да користите свежи листови од босилек и свеж лук, кои ќе го подобрат вкусот на самиот намаз.
Потребни состојки:
- 400g конзервиран наут, добро исцеден и измиен
- 1 конзерва (400g) цели лупени домати
- 30g таан
- 2 лажици свеж сок од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- Малку мелен ким
- 1 чешне лук, изгмечен
- Сол по вкус
- Неколку листови свеж исечкан босилек
Начин на подготовка:
- Ставете го наутот во блендер, па додајте домати, маслиново масло, таан, сок од лимон, лук, ким, босилек и сол и блендирајте додека не добиете кремаста текстура.
- Ставете ја смесата во голем сад за сервирање.
- Пред да го сервирате така подготвениот хумус, ставете го да постои во фрижидер околу 1 час. Хумусот може да се чува во фрижидер до четири дена.

Хумус со семки од тиква
Семките од тиква се многу здрава ужина, па зошто да не ги вклучите уште во еден поинаков рецепт?
Потребни состојки:
- 400g конзервиран наут, добро измиен и исцеден
- 2 лажици сок од лимон
- Сол по вкус
- Бибер по вкус
- 60ml вода
- 60ml маслиново масло
- 30g сурови семки од тиква
Начин на подготовка:
- Ставете ги сите состојки во блендер и добро изблендирајте.
- Ако сакате покремаста текстура, додајте повеќе вода или маслиново масло и обратно.
- Ставете го околу 1 час во фрижидер и сервирајте со карфиол, брокула, користете го како намаз, сос за пица или комбинација по ваша желба.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...