Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат

Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада, банани и кокос? Изборот е ваш. И двете торти не се печат, а се подготвуваат мошне брзо.

za-zafateni-domakjinki-recepti-za-2-redeni-chokoladni-torti-shto-ne-se-pechat-01.jpg

Дали и вие сте љубители на брзи торти со бисквити што не се печат?

Ако, да, тогаш овие 2 рецепти сигурно ќе ви се најдат. Можете да ги подготвите и во вечерните часови, а следниот ден да уживате во нивниот вкус.

Чоко торта со редени бисквити

za-zafateni-domakjinki-recepti-za-2-redeni-chokoladni-torti-shto-ne-se-pechat-03.jpg

Потребни состојки:

  • 600g бисквити;
  • 120g шеќер;
  • 250ml млеко;
  • Ќесичка ванилин шеќер;
  • 150g путер;
  • 60g какао во прав;
  • 100g чоколада за готвење;
  • 100g слатка павлака (од тетрапак за матење).

Начин на подготовка:

  • Во четириаголен плех се реди 1 ред бисквити;
  • Во тенџере се ставаат млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер;
  • Состојките се мешаат со маталка, па се додава какао во прав и се ставаат да се варат на тивок оган, со постојано матење со маталка;
  • Кога какаото ќе се згусне се додава 150 g путер и се мати додека не се стопи;
  • Готовиот фил се остава да се олади 10-ина минути;
  • Остатокот бисквити се кршат на ситни парченца, се ставаат во длабок сад, па се прелеваат со готовиот фил од чоколадо;
  • Бисквитите се мешаат со шпатула, додека во целост не ја впијат течноста;
  • Натопените бисквити се редат врз првиот ред бисквити, па тортата се прекрива со уште еден ред наредени бисквити;
  • Чоколадата за готвење се сечка ситно и се става во длабок сад, па се прелева со 100 ml неразматена павлака, па се мати со маталка или миксер додека не се згусне;
  • Тортата се прелева со чоколадната смеса и се остава во ладилник да се олади најмалку 4 часа, или преку ноќ.

Видео упатство:

Уште еден рецепт на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Ќе барате уште едно парче: Брза торта со бисквити и афион Од оваа смеса може да се прават и бомбици и бајадери, а оваа брза торта ќе ве ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg