Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат

Торта со бела чоколада и кокос

za-zafateni-domakjinki-recepti-za-2-redeni-chokoladni-torti-shto-ne-se-pechat-02.jpg

Потребни состојки:

  • 200ml шлаг за матење;
  • 80g шеќер во прав;
  • 300g крем-сирење;
  • 270g бисквити;
  • 2 помали банани;
  • 50g кокос (дополнително за декорација)
  • 100g бела чоколада;
  • 10ml растително масло.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се става студена шлаг пена и се додава шеќер во прав, па се мати со миксер на средна брзина;
  • Во разматената шлаг пена се додава крем-сирење и се мати со миксер, додека не се добие изедначена смеса;
  • Се додава кокос и се меша со шпатула;
  • Бананите се сечкаат на долгнавести парчиња;
  • Во обложен плех со фолија се редат бисквити, па врз нив се става од филот со крем-сирење и кокос;
  • Врз филот се редат исечени банани;
  • Потоа се дополнува со уште фил од крем-сирење и кокос;
  • На крај тортата се прекрива со уште еден ред бисквити и се остава да отстои во ладилник најмалку 4 часа;
  • Белата чоколада се сечка и се топи на пареа, па му се додава маслото за јадење;
  • Оладената торта се прелева со бела чоколада и се декорира со кокос.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава