Рецепт за јагнешко месо, полнето со фета сирење и спанаќ – по грчки рецепт
Традиционално, јагнешкото месо е задолжително на велигденската трпеза, а годинава ви даваме предлог да го подготвите по грчки рецепт. Подгответе се со време.

Секој има свој начин на подготовка на јагнешкото месо за велигденската трпеза.
Додека некои го сакаат печено со зачини или под вршник, традиционално во грчката кујна се подготвува полнето младо јагнешко месо.
Како да подготвите роловано јагнешко месо по грчки рецепт?
Потребни состојки:
- 2kg јагнешки бут (исчистен од коски и исечен на тенка лента за да може да се свитка);
- 70g фета сирење (издробено);
- 50g млад спанаќ (исчистен и измиен);
- 8 шери домати (пресечени на половинки);
- 2 лажички сол;
- 1 лажичка црн бибер;
- Маслиново масло.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови (со вентилатор);
- Јагнешкото месо се попрскува со маслиново масло, па се посолува со сол и бибер;
- Зачините се втриваат во месото со раце;
- Врз него се ставаат исечените шери домати, исчистениот млад спанаќ и издробеното сирење;
- Месото се витка во ролат и потоа се врзува со кујнска врвка;
- Ролатот се витка во алуминиумска фолија, се става во плех за печење, се полева со 1 чаша вода и се става да се пече на температура од 180 степени Целзиусови;
- Месото се пече околу 2 до 2 и пол часа;
- Потоа месото се вади од рерната, внимателно се отстранува фолијата, се сече на парчиња и се сервира.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...